Со еквилајзерите може да се влијае врз амплитудите на различните фреквенциски компоненти од аудио спектарот. Тие претставуваат една многу корисна алатка при обработката на аудио сигналот. Затоа се наоѓаат вградени во речиси секоја тонска миксета, но, обично, во "посиромашна" варијанта, што се однесува до можностите. Со многу повеќе можности, па дури и "раскошни", се градат како посебни уреди кои можат да бидат уфрлени, односно инсертирани, на патот на аудио сигналот.