Рубрика: Електроника
Универзална сирена
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По разгледувањето на писмата од читателите во кои се изразени нивните желби за проекти кои сакаат да бидат објавени во ЕМИТЕР, мене ми падна задачата да подготвам проект за алармна сирена, која ќе може да се искористи и за други намени. На почетокот помислив дека овој проект нема да претставува некој поголем проблем, но подоцна не излезе така. Главниот проблем се состои во тоа што за да се изработи сирена која ќе произведе интересен, а воедно и продорен звук се потребни специјализирани интегрирани кола кои се разбира ги нема кај нас. Затоа се одлучив да побарам во расположивата литература некој едноставен осцилатор кој ќе може да генерира интересен и продорен звук. Но, најголем број од понудените решенија за моделирање на звукот користат специфични калеми или трансформатори кои не се едноставни за изработка. Избор на ваква конструкција не би било добро решение бидејќи со тоа се оддалечувам од идејата уредот да биде едноставен и прифатлив за поголем дел од читателите. Затоа ми преостана да искористам генератор на едноставен облик кој ќе го модулирам за да се добие неедноличен тон.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 990305
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина