"Преносниот" електрицитет стана дел од секојдневието. Батериите ги напојуваат многуте видови преносни електрични и електронски склопови, како што се телефони, компјутери, радиоапарати, компакт дискови (CD), магнетофони, бежични апарати, па дури и електрични возила. Но, при крајот на нивниот живот тие можат да ни се вратат и да не вознемират поради присуството на опасни, токсични материи од кои се изградени.