Овој месец, поточно на 3 октомври, ќе има прстенесто затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо од Португалија, Шпанија, северна и источна Африка, а од кај нас ќе може да се набљудува како делумно затемнување, при што Месечината ќе покрие околу 60% од Сонцето во текот на максимумот. За нас затемнувањето ќе започне во 10:06 часот, а ќе заврши во 12:51 часот, достигнувајќи максимум околу 11:30 часот.