Рубрика: Информатика
Злонамерни компјутерски програми
Автор: Марјан Давчевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога се зборува за злонамерни компјутерски програми, најчесто по инерција се мисли на компјутерските вируси. Компјутерските вируси се компјутерски програми кои се дизајнирани со цел да делуваат врз компјутерските операции, да снимаат, да корумпираат или да бришат податоци или самите себеси да се шират на други компјутери преку локалната мрежа или Интернет, често предизвикувајќи забавување на системот, деконспирација и други проблеми во процесот. Но, за жал, вирусите не се единствената закана за вашиот компјутер или компјутерска мрежа. Постојат бројни злонамерни програми кои имаат за цел да ви го уништат или да го оштетат системот, да ви украдат некои лични и доверливи податоци или да ви ја дознаат банковната сметка и бројот на вашата кредитна картичка. Сите овие програми кои можат да ги предизвикаат овие и илјадници други помалку или повеќе опасни проблеми се нарекуваат злонамерни програми или малвер (malware, кратенка од malicious software).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.