Емитер 10/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Напредокот на електрониката диктира употреба на софистицирани алатки за следење на новите технологии за изработка и сервис на електронските уреди. Појавата на голем број на електронски кола кои се осетливи на високи температури ја услови појавата и нужното користење на лемила со контролирана температура на лемниот врв. Се разбира дека во продавниците може да набавите лемила со контролирана температура на лемниот врв, но многу поевтино е да ја изработите, а од друга страна, останува искуството и задоволството при изработката. За таа цел подготвивме дигитална верзија на контролната логика која користи комерцијално достапно лемило со вграден температурен сензор. Улогата на контролната електроника е да ја контролира температурата на лемниот врв според информацијата добиена од вградениот температурен сензор. Станува збор за термопар вграден во греачот, кој во зависност од температурата на која е загреан грејачот генерира еднонасочен напон со мала моЌност. Во оваа апликација е употребена лемилото SW-1 од Соломон, со вграден термопар како температурен сензор и грејач со моќност од 48W кој се напојува со 24V наизменичен напон.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.