Рубрика: Електроника
DAC1627: дигитално аналоген конвертор на NXP
Автор: Емилијан Иљоски
Објавено на 30.01.2013 - 11:40

Двојниот 16-битен дигитално–аналоген конвертор на NXP со своите 1,25 Gsps (1,25 милијарди примероци во секунда) воспоставува нови стандарди на полето на дигитално–аналогната конверзија. Тој е опремен со повеќе интерполациски филтери оптимизирани за широкопојасни безжични предаватели користени во мобилната телефонија, што го прави способен да ги задоволи најстрогите спецификации на GSM со многу подносители.
Негова примена наоѓаме во градба на безжични инфраструктури како: LTE, WiMAX или WCDMA; во комуникациите како: LMDS/MMDS или “point to point”; во директната дигитална синтеза, (DDS) како и многу други апликации кои користат широкопојасни безжични системи.
Инаку ова ИК претставува одговор на неверојатно брзорастечката потреба од сè поголем и побрз пренос на податоци во мобилната телефонија првенствено предизвикан од пренос на видео, интернет пристап, M2M врски (машина до машина), како и мрежни игри и VoIP.
Повеќе информации на: http://www.nxp.com/.