Рубрика: Омнибус
Учествувајте во нашата анкета
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Почитувани читатели,
Поминаа точно седум години од нашата претходна анкета од 1998 година. Во меѓувреме, од 2002 година, ЕМИТЕР ја прошири својата концепција и прерасна во списание за популаризација и примена на науката и техниката, со главен акцент на современите научно-технички дисциплини. Оттогаш со новиот концепт издадовме 41 број на ЕМИТЕР, 2 брошури и една книга, а кругот на читатели значително се прошири. Иако вашите размислувања за концепцијата и содржините на ЕМИТЕР редовно ни пристигнуваат, сепак, сметаме дека сега е вистинското време, преку една посеопфатна анкета, заеднички да разгледаме што досега сме направиле и што понатаму треба да правиме.

Анкетниот лист е отпечатен на посебен лист во прилог на овој број на ЕМИТЕР и е придружен со адресирано плико на кое вие не треба да лепите поштенска марка, бидејќи поштенските трошоци за овие писма ќе бидат на наша сметка. Сè што треба да направите е да одвоите неколку минути за да ги одговорите прашањата од оваа анкета и пликото да го однесете до најблиската пошта. Главна награда за вашиот труд ќе биде тоа што вашето омилено списание во голема мера ќе го добие ликот кој вие го посакувате. Истовремено, секој кој во анкетниот лист ќе ја остави и својата адреса ќе добие и дополнителна награда - еден примерок од претходните броеви на ЕМИТЕР или една плочка со печатено коло од нашиот ППК сервис!
Оваа анкета ќе ја изврши својата вистинска функција само ако вие, драги читатели, масовно учествувате во неа. Верувам дека вашата желба ЕМИТЕР да биде уште подобар и поблизок до вашите потреби ќе ве поттикне да го пополните анкетниот лист и да ни го испратите уште денес.
Во очекување на вашите анкетни листови, срдечно ве поздравувам.

Слободан Таневски
главен уредник

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.