Од кога се пронајдени светлечките диоди некаде, во 60-тите години од минатиот век, светлината што тие ја емитираат се наоѓа насекаде во секојдневниот живот. Тука спаѓаат и ласерите кои со својата специфична светлина ги има се повеќе во служба на обичниот човек, во аудиоуредите, во архитектурата, во автомобилската техника, за мерење далечина итн. Да не зборуваме за нивната употреба во високотехнолошки уреди во медицината, воената технологија, вселенската технологија и друго.