Омнибус

Нова верзија на софтверскиот пакет Nero;
Поинаков Сатурн;
Nissan X-Trail;
Циклус популарни астрономски предавања;
Македонското интернет небо со нов сјај;
Отчекувањето на биолошкиот часовник може да се замрзне;
И плутоновата месечина Харон има гејзери;
Storm Worm формира суперќелија;
Новите дизел-мотори на BMW;
Нови видеомиксери;
Samsung BD-P1200 COMBO;
Gaslock indy-cator - дигитализирана рачка на менувачот;


Автомобилска техника

Во ЕМИТЕР број 12/03 се запознавме со плинската инсталација кај автомобилите. Акцентот беше ставен врз плинската инсталација од технички аспект (од кои компоненти се состои, која е нивната улога …).


Автомобилска техника

Барајќи нов предизвик, фирмата KTM, реномиран австриски производител на мотоцикли, го промовира возилото со четири тркала наречено X-Bow. Со својата изведба, дизајн и технички спецификации, овој модел недвосмислено укажува дека не се работи само за уште едно обично превозно средство, туку за возило кое нуди огромно задоволство во возењето.


Аеронаутика

Леталото Javelin е планирано на цивилниот пазар да внесе нови искуства и уживања во летањето за бизнис-корисниците, кои и самите се пилоти со авантуристички карактер, а неговиот дизајн и аеродинамични линии се карактеризираат со воен изглед и перформанси на воено летало. За потребите на Воените воздухопловства се развиени и напредни воено-тренажни верзии.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на утринските Венера и Сатурн.


Астрономија и астронаутика

Најновите фотографии на далечни супернови, "фатени" од орбиталниот телескоп Хабл, отвораат нови видувања за историјата на вселената.


Астрономија и астронаутика

Вселенското летало Феникс е најновата мисија на НАСА упатена кон планетата Марс. Основна цел на мисијата е да се проучи историјата на водата на оваа планета и потенцијалот што Марс го има за поддржување на живот. Леталото беше лансирано на 4 август од воената база на Кејп Канаверал, на Флорида, а ќе слета на Марс на 25 мај следната година.


Аудио и видеотехника

Компакт-дискот (цомпацт дисц) или скратено CD, се смета за еден од најзначајните пронајдоци во втората половина на минатиот век кој ја означи револуцијата во музичкиот бизнис. Овој медиум со пречник од 12 cm и со сребрена боја на кој се прелеваат нијансите од спектарот, го означи крајот на доминацијата на винилната плоча и почеток на една нова ера во музичката, но и во другите индустрии.


Аудио и видеотехника

Што е тоа мало, тенко, има одличен MP3 звук и доаѓа во повеќе бои? Одговорот на ова прашање не е она на што мислевте. Не би сакала да го употребам терминот "убиец" на iPod, но SONY направи достоен противник на оваа популарна играчка, со потенцијал да ја надрасне.


Аудио и видеотехника

Повикувајќи се на своето исклучително богато знаење и традиција од областа на акустиката и продукцијата на реномирани музички инструменти, Yamaha ја пласира серијата звучни кутии под името Soavo. Оваа серија се состои од неколку различни модели и типови, а главен меѓу нив е моделот Soavo 1. Тоа е нивната референтна трисистемска самостоечка звучна кутија, која, од повеќе причини и потполно оправдано, многу го привлекува вниманието на публиката.


Електроника

Лемењето претставува спојување на два метала, со растопување на трет метал врз нив, при што се формира цврст механички спој овозможен од јака хемиска врска. ќе се запознаеме со теоретски и практични познавања за лемењето: физичко-хемиските процеси при спојувањето и основните принципи и техники при лемењето, како и потребниот прибор и материјал за лемење. Прикажани се основите на лемењето за почетници и искуства кои можат да ги надополнат знаењата и на "напредните" електроничари.


Електроника

Во нашава држава сé уште се возат голем број на автомобили со т.н. класично палење, кое се состои од механички прекинувач, познат како "платина", високонапонски трансформатор - "бобина", разводник, високонапонски кабли и свеќички. Кај поновата генерација на автомобили класичното палење многу се подобрува со помош на електрониката, односно таа ги отстранува речиси сите недостатоци кои ги имаше класичното палење.


Електроника

Еден од нашите читатели се интересираше за испитување на исправноста на бобините кај моторните возила. Бидејќи и ние сметаме дека е тоа интересна тема, во овој текст ќе зборуваме токму за тоа.


Електроника

Едноставен транзисторски видеозасилувач со засилување од 20dB.


Електроника

Ова електронско коло претставува адаптација на регулатор на вртежи на рачна дупчалка (бормашина) во регулатор на вртежи на AC-мотор, кој се приклучува на низок наизменичен напон.


Електроника

Водата за пиење, онаа за употреба во индустријата, во болниците, во фармацијата, во аквариумите, итн. треба да задоволува одредени критериуми. Често слушаме за тоа дека за одредени апарати или за одредени намени водата треба да има одредена pH вредност, односно киселост, чистота итн. Инструментот што ќе ви го претставиме овозможува брза и едноставна проверка на чистотата на водата, преку мерење на електричната спроводливост.


Еурека

Целта на оваа студија е да го утврди намалувањето на Доплер ехотомографските параметри (DPI - Doppler Perfusion Index), како и индексите добиени од лабораториските параметри (FLI - Fatty Liver Index), при стеатоза на црниот дроб која е третирана со терапија на Hepa Merz. Во текот на двомесечното испитување беа опфатени вкупно 40 пациенти со стеатоза на црниот дроб, континуирано третирани со Хепа Мерз.


Еурека

Турбинскиот бродски пропулзатор е иновација со која се заменува класичниот бродски погон составен од дизелски мотор, преносник, погонско вратило и елиса со турбински пропулзатор. Како извор за погон за турбината во пропулзаторот би било доставувањето на големи количини на флуид, т.е.


Информатика

Денес пазарот е преплавен од печатачи со различен изглед, големина, намена и, секако, конструктивна изведба и дизајн. Во нашата редакција деновиве пристигнаа два интересни модели на портабл печатачи, производи на компаниите SONY и Hewlett Packard. Се работи за печатачи со мали димензии кои имаат строго одредена намена - печатење на колор фотографии.


Информатика

И покрај тоа што компјутерот функционира како целина, сепак, помеѓу одредени компоненти постои посебна поврзаност, еден вид симбиоза. Макар тоа бил и обичен кабел, како во случајот на тврдиот (хард) диск и оптичкиот уред. Вградувањето на тврдиот диск го разгледавме во минатиот број - сега да се позанимаваме со "комшиската компонента" - оптичкиот уред.


Информатика

Развојот на новите технологии за читање и снимање на оптичките медиуми неминовно ќе доведе до "смена на генерациите" и на овој сегмент од IT-пазарот. Иднината е во БлуРаѕ технологијата, чии перформанси, квалитет и капацитет за складирање податоци ги прават неспоредливо посупериорни врз DVD медиумите.


Информатика

Борбата за освојување на пазарот во речиси сите области од светот на информатиката и информатичката технологија е сосема вообичаена појава. Сведоци сме на многу вакви "натпревари", каде се води беспоштедна борба за превласт. Сепак, ретки се областите каде производот на една компанија има толку голема предност во однос на конкурентите, како што е случајот кај интернет-пребарувачите (Web Browser).


Информатика

Порано, во светот на компјутерите особено беше популарна идејата за една глобално поврзана иднина, во која уредите нема да имаат сопствени дискови, ниту апликации, а ќе оживуваат единствено со конектирање на интернет-мрежата, користејќи ги нејзините богати ресурси. Иако оваа идеја ни делумно не е реализирана, сепак, постојат неколку видови сервиси кои можат да се сметаат за нејзини потомци.


Информатика

Советите и триковите се секогаш добредојдени кога доста често користиме некоја апликација во секојдневното работење. Како прва статија од овој циклус се советите за Microsoft Word.


Информатика

Почитувани, пред вас е првиот дел од серијата написи за програмскиот јазик C++, кој верувам ќе предизвика интерес кај вас. Во написот што следува, ќе се запознаете со кратката историја, типовите на променливи, како и операторите кои се употребуваат при програмирањето. Во оваа серија на написи ќе бидат опфатени концептите на процедуралното програмирање, како основа за воведот во објектното ориентирано програмирање.


Историја и археологија

Со години се сметало дека "колевката" на цивилизацијата се наоѓала во басенот на Медитеранот, додека централна и северна Европа биле "варварски" земји. Ова е сторија за археолошко откритие кое е на пат да го побие ова мислење.


Медицина

Стареењето на мозокот може да се забави, но и веќе остарените клетки можат да се подмладат. За да бидат резултатите добри, пред сé, треба да внимавате на животниот стил и мозочниот тренинг. Но, ако имате проблем да се сетите на некоја формула, на нечиј роденден, не очајувајте. Науката го менува животот. Создавањето на "вештачка" меморија, која ќе може да се носи околу вратот како приврзок, ќе го елиминира стресот поради заборавање.


Телекомуникации

"Мобилен телефон без негативни карактеристики!". Вака гласи насловот на прегледот на овој телефон објавен на еден од најпопуларните веб-портали за мобилна телефонија gsmarena.com. Првиот модел од возобновената серија T на Сони Ериксон беше претставен во месец мај оваа година, заедно со моделот T250. За разлика од "помалиот брат", T650 припаѓа во т.н. висока класа на мобилни телефони.


Телекомуникации

Освен по својот углед и квалитет во компјутерската индустрија, HP е познат и по својата истрајност на полето на џебните компјутери кои, традиционално, силно го поддржуваат софтверот на Мајкрософт. Нивните можности никогаш не биле доведени во прашање, но во последно време пазарот многу повеќе се ориентира на богато опремените и моќни смартфоун апарати.


Физика

Првите резултати од мисијата на НАСА,"Гравитациска сонда Б" (Gravity Probe B), ги потврдуваат постулатите од Ајнштајновата теорија за Општиот релативитет, кои предвидуваат гравитациско дејство во вид на промена на геометријата на простор-временската структура на универзумот.


Фототехника

Годинава, за прв пат во Македонија, се одржа фотоконкурсот Lumix Awards на кој за 2 месеца пристигнаа преку 5 000 фотографии. Со макотрпна работа на стручното жири беа избрани најдобрите 87 фотографии и прогласени победниците. Конкурсот финишираше со изложба и печатење на пригоден каталог.


Уводник

Со задоволство ја објавуваме веста дека во ЕМИТЕР покренуваме нова рубрика, наречена ЕУРЕКА, во која ќе се објавуваат научни и стручни трудови, пронајдоци, иновации и нови теории од македонски автори. Рубриката ЕУРЕКА ќе има два дела.


Астрономија и астронаутика

Од секогаш човекот погледнувајќи кон небото се восхитувал на сите појави што се случавале таму горе, а истовремено плашејќи се си поставувал многубројни прашања. Најчесто поставуваните прашања биле: што се тие светли точки на небото, зошто месечината секојдневно го менува својот изглед, дали на небото постои некој кој живее и размислува и слично. Во тоа време се јавува и желбата да се појде во таа бескрајна небесна шир да се види и да се соочи со сé што е таму. Одговори имало многу и тоа најчесто религиозни, поврзани со страв, филозофски поврзани со празноверие и слично. Меѓутоа, кога е започнато научното трагање за вистината на пространата небесна шир, работите го добиле вистинскиот редослед.


Роботика
Прототип на катом со дијаметар од 44mm чија надворешна обвивка е покриена со 24 електромагнети кои го овозможуваат неговото движење низ клејтронскиот систем.

Голема е веројатноста дека технологијата на телепортирање уште долго ќе биде дел единствено од научно-фантастичните филмови, но Сет Голдстејн (Seth Goldstein) и Тод Маури (Todd Mowry) од Универзитетот Кернеџи-Мелон (Carnegie-Mellon) имаат замислено интересна алтернатива. Имено, овие двајца научници работат на усовршување на еден вид на интелигентен материјал (или како што тие го нарекуваат програмибилна материја), составен од милиони минијатурни роботи, кој може да се обликува и да креира копија на кој било предмет или живо суштество, притоа користејќи соодветен 3D модел на оригиналот. Ако проектот успее, сé што ќе ви биде потребно за физички да се проектирате себеси каде било на планетата е интернет врска и доволна количина од т.н. интелигентна нанопрашина од која ќе се формира вашата синтетичка копија.


Писма
"Сонцобран" околу Земјата
Магнети со голема моќност
Несинхронизираност на сликата и тонот
За што да употребам ласерска диода?