Емитер 10/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Голема е веројатноста дека технологијата на телепортирање уште долго ќе биде дел единствено од научно-фантастичните филмови, но Сет Голдстејн (Seth Goldstein) и Тод Маури (Todd Mowry) од Универзитетот Кернеџи-Мелон (Carnegie-Mellon) имаат замислено интересна алтернатива. Имено, овие двајца научници работат на усовршување на еден вид на интелигентен материјал (или како што тие го нарекуваат програмибилна материја), составен од милиони минијатурни роботи, кој може да се обликува и да креира копија на кој било предмет или живо суштество, притоа користејќи соодветен 3D модел на оригиналот. Ако проектот успее, сé што ќе ви биде потребно за физички да се проектирате себеси каде било на планетата е интернет врска и доволна количина од т.н. интелигентна нанопрашина од која ќе се формира вашата синтетичка копија.
Додека истражував по интернет-мрежата пред да започнам да го пишувам овој напис, на повеќе веб-локации налетав на истиот пример со кој беше илустрирана идејата за синтетичката реалност, па сметам дека тоа би било соодветен начин да го започнам и мојот напис. Замислете, во една болница во Мадрид двајца хирурзи извршуваат комплицирана операција на срце на некој пациент. Но само едниот од двата доктори во салата е “вистински”. Другиот претставува синтетичка копија на кардиохирург кој реално работи во својата ординација во Токио, врз синтетичка копија на пациентот кој се наоѓа во операционата сала во Рим.
Ова сценарио барем засега е поблиску до научна фантастика отколку до реалноста, но истражувањата кои се спроведуваат во лабораториите на Институтот за Синтетичка реалност при Универзитетот Кернеџи-Мелон, навестуваат дека во блиска иднина (за 20-тина години) сепак е остварливо и дека токму интелигентната материја може да претставува иднина на модуларната роботика. Идејата на научниците во Кернеџи-Мелон е да креираат програмибилна материја, од која потоа ќе можат да се обликуваат подвижни 3Д копии на луѓе или објекти, толку слични со своите оригинали што луѓето би ги прифатиле како реални. Околината која ја создаваат или во која се наоѓаат физичките копии оформени од програмибилната материја се нарекува синтетичка реалност и истата се менува како што се менува и “правата” реалност. Тоа значи дека со секое движење на оригиналот се менува формата/позицијата на синтетичката копија.
Една од основните цели при истражувањето на клејтроните е да се постават основите за нов тип на медиум, наречен парио (латински pario - носи, поддржува, произведува, прикажува...). Парио всушност претставува логичка екстензија на аудиото и видеото, и претставува тип на медиум кој (засега само во научните кругови) се користи за репродукција на подвижни 3Д објекти во реалниот свет.
Проектот оригинално започнал во лабораториите на Кернеџи-Мелон, но откако истражувањата започнале да даваат позитивни и ветувачки резултати проектот го привлекол вниманието на DARPA, како и на ИТ гигантот Интел, кои заедно со уште триесетина еминентни експерти од полето на нано-технологијата активно се вклучиле во реализацијата на идејата на Голдстејн и Маури.
Прототип на катом со дијаметар од 44mm чија надворешна обвивка е покриена со 24 електромагнети кои го овозможуваат неговото движење низ клејтронскиот систем.
Една од основните цели при истражувањето на клејтроните е да се постават основите за нов тип на медиум, наречен парио (латински pario - носи, поддржува, произведува, прикажува...). Парио всушност претставува логичка екстензија на аудиото и видеото, и претставува тип на медиум кој (засега само во научните кругови) се користи за репродукција на подвижни 3Д објекти во реалниот свет.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.