Емитер 10/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од секогаш човекот погледнувајќи кон небото се восхитувал на сите појави што се случавале таму горе, а истовремено плашејќи се си поставувал многубројни прашања. Најчесто поставуваните прашања биле: што се тие светли точки на небото, зошто месечината секојдневно го менува својот изглед, дали на небото постои некој кој живее и размислува и слично. Во тоа време се јавува и желбата да се појде во таа бескрајна небесна шир да се види и да се соочи со сé што е таму. Одговори имало многу и тоа најчесто религиозни, поврзани со страв, филозофски поврзани со празноверие и слично. Меѓутоа, кога е започнато научното трагање за вистината на пространата небесна шир, работите го добиле вистинскиот редослед.
По низа истражувања и експерименти, на 4 октомври 1957 г. е лансиран Спутник 1, првиот вештачки сателит на Земјата, со што официјално започнува вселенската ера на човештвото. По повод 50-годишниот јубилеј од тој настан, подготвивме фељтон во кој накратко ќе се потсетиме на најзначајните личности, настани и технички достигнувања кои ја одбележаа досегашната историја на астронаутиката. Во овој прв дел од фељтонот ќе се осврнеме на "предисторијата", основните принципи и првите години од развојот на астронаутиката.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.