Омнибус

AMD Athlon 64FX-60;
Fluke 179;
Се подготвуваат и европски роботи за Марс;
Фотонапонски комплет за ДСУ Орце Николов;
Тојота РАВ 4 - трето издание на најпопуларното спортско-рекреативно возило;
20 години Brain A;
Google PC?!;
Аналогни миксети на Yamaha;
Наноцевки;
CorelDraw Graphics Suite X3;
Макетарски новитети за почетокот на 2006;
Чудовиште од компјутер со чудовишна цена;
Северните аурори се во движење;


Автомобилска техника

Сите квалитети и можности на болидот паѓаат во вода доколку се лоши гумите. Тоа значи дека подобри шанси за повисок пласман има дури и просечен болид со добри гуми, отколку болидот со најдобра конструкција и најмоќен мотор, ама со лоши или погрешно одбрани гуми. Неретко возачите губеле трки, па и шампионски титули поради гумите, па разбирливо е зошто познатиот термин "црно злато" во Формула 1 се врзува токму за нив.


Автомобилска техника

Едно од последните концептни возила на Мазда (Mazda), која е еден од најактивните автомобилски производители кога е во прашање промовирање на нови концепти, е урбаното концептно возило Сасу (Sassou).


Аеронаутика

Замислен како рамноправен "играч" со најдобрите германски и сојузнички воздухоплови на вжештеното европско воено небо (II светска војна), италијанскиот Fiat G-55 Centauro, сепак, не добил пригодна шанса да го оправда своето надежно "раѓање".


Астрономија и астронаутика

Најголемиот проблем на НАСА бил што била цврсто врзана и зависна од американската влада. Токму тоа била причината што политичарите, наместо научниците, го скратиле нејзиното учество во SETI. Сепак, и покрај тоа, научниот дух преовладеал и SETI-проектите продолжиле понатаму. Во овој, последен, дел од циклусот текстови за историја на потрагата по вонземска интелигенција, ќе можете да прочитате како сето тоа се случило.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп.


Астрономија и астронаутика

Многу од идеите за правење на шпионски и разузнавачки сателити, беа направени од страна на американската војска уште пред неколку децении, со цел за време на Студената војна да се добијат што повеќе информации за спротивната страна, со помош на фотографиите и снимките од вселената


Аудио и видеотехника

Долги години Digidesing е една од доминантните фирми во светот на професионалната музика, продукција и постпродукција, пред сé, благодарејќи на нивниот ProTools хардвер и софтвер. Освен мега популарниот ProTools, фирмата произведува и аудиоработни станици и други "играчки" за аудиопрофесионалците. Digi 002 е мала дигитална аудиостаница (миксер и снимач) со големи можности.


Аудио и видеотехника

Слушниот механизам кај луѓето досега не е докрај објаснет, меѓутоа, забележаните реакции од страна на човечкиот мозок при приемот на некои звучни сигнали со позната фреквенциска содржина биле доволна причина да се создаваат уреди кои ги користат тие реакции за да се постигне некој посакуван ефект. Таквите уреди за обработка на аудиосигналот се засновани, значи, на психоакустичките ефекти познати од практиката и од животот.


Аудио и видеотехника

Како да одберете добар звучник за озвучување на ресторан или кафеана? Постојат два начина. Едниот е методот "на грешките се учам", познат и како "метод на проба и грешка" - кој е прилично ефикасен, но е многу скап. Вториот метод, оној сигурниот, е да прочитате тест во ЕМИТЕР. Во овој број на ЕМИТЕР можете да прочитате за тестот на звучникот FBT Jolly 8b.


Електроника

Дури сега кога сме ја изработиле целата "механика" на уредот, кога сме ги набавиле потребните трансформатори, мрежни филтри и филтерски електролитски кондензатори, ладилни тела, излезни транзистори и кога сме ги "спариле" истите; дури сега можеме да кажеме дека засилувачот ни е речиси готов. Ни останува уште ситната "боранија" - електрониката. Во овој дел ќе го обработиме "срцето" на уредот - засилувачкиот степен.


Електроника

Откако ве запознавме со принципите на диелектричното греење, принципот на функционирање на микробрановата печка и основните постапки за нејзиното сервисирање, во овој број на ЕМИТЕР ќе дознаете какви проблеми може да ви создаде микробрановата печка и како да ги решите, а ќе се запознаете и со микроконтролерското управување со печката и со можните дефекти кај овој вид печки.


Електроника

Во овој напис од нашата школа за електроника ќе се запознаете со едно елементарно но често употребувано електронско коло, кое подеднакво се користи како во аудиоелектрониката така и во дигиталната електроника. Неговата примена може да биде најразлична, а како пример се прикажани еден едноставен "Трепкачки лажен аларм" и малку посложениот "Електронски орнамент".


Електроника

Досега во ЕМИТЕР имаме прикажано неколку програми за дизајнирање на електронски шеми и плочки со печатени кола. Сепак, презентацијата на една нова апликација за оваа намена секогаш е добредојдена. Во овој број на ЕМИТЕР започнуваме со серија од четири статии во кои ќе ви ја претставиме EAGLE CAD програмата за дизајн на електронски шеми и плочки со печатени кола (ППК).


Електроника

Уредот што ќе ви го претставиме во овој напис е од исклучителна помош во случаи кога ќе се соочиме со едноставен, но невидлив проблем. Лоцирање на местото на прекин во кабелот е основната функција на овој детектор. Со него можеме да испитуваме двожилни, трожилни и повеќежилни кабли коишто се изложени на механичко напрегање и за кои се сомневаме дека на некое место имаат прекин.


Електроника

Преклопничката функција на тастерот TS1 е постигната со шмитова НИ порта со два влеза, која работи како инвертор. При секое краткотрајно притискање на тастерот се менува логичката состојба на излезот на инверторот, односно се вклучува или исклучува релејот Re1.


Електроника

Многу струјни кола можат да бидат напојувани директно од мрежата со помош само на сериски кондензатор. Подобро решение би било кога би се користел насочувачки мост со што би се добила и повисока струја на излезот од колото. Прикажано коло кое во суштина го прави токму тоа.


Електроника

Со помош на едно дигитално интегрирано коло и малечок трансформатор може да се направи едноставен генератор на висок напон од неколку стотини волти со мала моќност, но доволна да предизвика безопасен грч на мускулите кај човекот или кај животните.


Информатика

Досега сигурно сте слушнале дека постојат најразлични видови на формати за дигитални слики како, на пример: BMP, GIF, JPG, WMF, PNG, KDC, PIC и уште многу, многу други. Најчесто, се среќаваме со првите три. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за нив, тогаш овој напис е она што ви треба.


Информатика

Веб-дизајнирањето стана дел од информатичкото секојдневие. Ако сакате да изработите добар и професионален Web Site, а немате многу искуство, некој ќе ви рече дека е најдобро таа работа да ја оставите на професионалците. Но, зошто да не се потрудите и сами да ја изработите својата Web-презентација. На располагање ви стојат повеќе алатки. Microsoft FrontPage XP е една од нив, и би рекол одлично решение за групата на "амбициозни ентузијасти".


Информатика

Веројатно речиси сите компјутерски корисници се запознаени со e-mail и со instant messaging програмите. За неколку години Интернетот целосно го смени начинот на комуникација помеѓу луѓето, со еден исклучок - комуникацијата преку телефон. Сé уште ништо не ги има изменето ритуалот на кревање на слушалката и одбирање број за да се има комуникација со некого, како што e-mail-от речиси целосно го избриша ритуалот на рачно пишување писма.


Информатика

Доколку во последно време сте биле во некоја продавница за компјутери, сигурно сте запознаени со начинот на кој производителите на компјутери се трудат да го задржат вашиот поглед на нивниот производ. Модифицирани куќишта на компјутерот со додатоци на LED диоди, UV-светла, дополнителни вентилатори, проѕирни делови од кои можете да ја гледате внатрешноста на компјутерот и што уште не.


Информатика

SLI и CROSSFIRE се нови технологии со кои се овозможува две графички картички да се користат на еден компјутер. Дознајте нешто повеќе за нив од овој напис.


Историја и археологија

Во долгиот историски развој на почвата на Македонија со многубројните археолошки истражувања се откриени повеќе од 60 градови. Голем број од нив биле разурнати, било од природните стихии. било од многуте преселенички походи на повеќе народи што пустошеле во овој дел на Балканскиот Полуостров, војувајќи меѓу себе. Еден од тие антички градови е и градот Скупи во непосредна близина на Скопје.


Телекомуникации

Сé почесто електронските уреди што ги користиме во секојдневната употреба работат безжично, т.е. користат некоја одредена фреквенција за да примаат и/или да испраќаат сигнали. Како се уредува одредени уреди да не си пречат меѓусебно, кога работат на одредени фреквенции? Паметните луѓе (читај инженерите) уште поодамна го сфатиле проблемот што може да настане ако правилно не се договори кој фреквенциски опсег за кој тип на уреди и за кои потреби ќе се користи.


Физика

Името на Никола Тесла најчесто се врзува за неговите пронајдоци во областа на јаките струи - денешниот наизменичен (AC) електричен систем. Но тој е пионер и во сферата на високофреквентните струи, радиоврските, телемеханиката и други области во електротехниката. Освен тоа, тој бил визионер и на многу други, како радарот, интерпланетарните комуникации и др. Оваа година се навршуваат 150 години од неговото раѓање.


Психологија

Долго време се "кршеа копја" околу можните последици од користењето на мобилните телефони: рак на мозокот, главата и вратот, оштетување на слухот...но, едно е сигурно користењето на мобилен телефон за време на возењето носи зголемен ризик за настанување на сообраќајни несреќи. Зборувањето на телефон создава "афективно слепило" и го намалува времето на реакција. Намаленото време на реакција консеквентно ја зголемува веројатноста за сообраќајна незгода.


Писма
Нагодување на полначот за акумулатори
Благодарност и прашање
Понизок напон од трафо и репрограмирање на микроконтролерите
Промени во стабилизатор на напон