Емитер 2/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Досега во ЕМИТЕР имаме прикажано неколку програми за дизајнирање на електронски шеми и плочки со печатени кола. Сепак, презентацијата на една нова апликација за оваа намена секогаш е добредојдена. Во овој број на ЕМИТЕР започнуваме со серија од четири статии во кои ќе ви ја претставиме EAGLE CAD програмата за дизајн на електронски шеми и плочки со печатени кола (ППК). Целиот пакет се состои од неколку програми кои се поврзани меѓу себе: Schematic Editor (едитор за цртање на шематскиот приказ на електронскиот уред за кој подоцна ќе ја дизајнирате ППК); Board Editor (програма за дизајнирање на ППК), Auto Router (програма за автоматско поставување на потребните водови на ППК) и Library Editor (програма за изработка и корекција на компонентите кои се користат за изработка на шематскиот приказ и позицијата на компонентите на ППК). Во овој прв напис ќе дадеме краток преглед на можностите на целиот програмски пакет, во вториот напис ќе го опишеме едиторот на електричната шема, во третиот ќе го опишеме делот за дизајн на плочката со печатено коло, и во четвртиот ќе се осврнеме кон опцијата за автоматизација на дизајнирањето на ППК (AutoRouter) и делот за изработка на нови компоненти (Library Editor).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.