Емитер 4/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Модулатор на светло или популарно наречен LIGHT-SHOW е уред кој се користи за палење и гасење на разнобојни светилки во ритамот на музиката. За реализација на ваков уред постојат повеќе решенија. За оваа прилика ние се одлучивме да ви претставиме едно решение кое ја исклучува потребата од кабел помеѓу изворот на музика и самиот уред. Освен тоа нема потреба од било каков трансформатор, а во целиот уред се користат стандардни и лесно достапни елементи.
Безжичното LIHGT-SHOW е составено од три посебни дела : микрофон, микрофонски засилувач и троканален модулатор на светло.
Во оваа изведба микрофонот е кондензаторска капсула со вграден FET и два извода. Плусот или изводот кој не е поврзан со телото на капсулата се носи на отпорникот кој воедно ја одредува осетливоста на микрофонот. Сигналот потоа се носи на влезот од двостепениот микрофонски засилувач. Излезниот сигнал од засилувачот се носи на троканалниот модулатор на светло. За напојување на микрофонот и микрофонскиот засилувач се користи еднонасочен напон.
Независно од димензиите кутијата мора да биде од некој изолациски материјал (пластика, дрво и сл.) и да има отвори за ладење на уредот. Светилките се поврзуваат преку соодветни приклучоци (редни клеми) или буксни кои се монтираат на самата кутија. Ако не сте сигурни како треба да бидат изведени овие поврзувања ве упатуваме да го погледнете и проектот за 3-канален light show објавен во ЕМИТЕР 4/98
ВНИМАНИЕ !
Во текот на работата сите елементи во овој уред се под мрежен напон од 220V кој е опасен по живот. Затоа било каква интервенција на него е дозволена само кога е исклучен од мрежното напојување.
Транзистори: BC547
Тиристори: TIC106
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.