Рубрика: Електроника
Индикатор за влезна врата
Автор: Борче Стојановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Идејата за овој уред потекна од еден мој пријател кој има своја продавница (сервис). Токму таму ми се јави идејата за изработка на ваков уред. Се случуваше повеќе пати да бидеме преокупирани со некој дефект или обичен разговор (пренесување на искуства), а некој муштерија да дојде и да не биде забележан. Со изработката и поставувањето на овој дојавувач се надмина и тој проблем. Секогаш кога некој ќе ја отвори вратата и ќе посака да влезе, сопственикот веќе е предупреден со пријатен звучен сигнал дека има муштерија, кој треба да биде услужен. Овој звучен индикатор како дојавувач може да најде примена секаде: во продавници, сервиси и други објекти. Во секој објект каде што при влез треба да се отвори врата, дури и дома, во сопствената куќа, како дојавувач за гости (комшии) кои рутински, по навика, не посегаат по куќното ѕвоно да го известат домаќинот.

Индикаторот е изработен во дигитална техника со дигитални кола од C-MOS серијата. При проектирањето и изработката водевме сметка тој да ги задоволува сите критериуми како и скапите фабрички дојавувачи од таа класа, а елементите и материјалите со кои е изработен да бидат лесно достапни. Овој уред е мошне лесен за изработка - и оние најмладите и помалку искусните електроничари би можеле сами да го изработат за сопствени потреби или за други поблиски пријатели. Со индикаторот за влезната врата можат и да научат нешто повеќе за дигиталната техника и да го збогатат своето знаење.

Овој индикатор сум го изработил неколку пати. Еден е вграден во сервисот кај мојот пријател, втор кај мене дома, а третиот е поклон за еден млад електроничар, како стимул за да навлезе во тајните и на дигиталната електроника.

Исправки и дополнувања:
"Индикатор за влезна врата" (ЕМИТЕР 5/99)

На стр. 18 под слика 4, во петтиот ред од горе, наместо "Додека моностабилот е во стабилна состојба неговиот излез е логичка 0, LED1 е изгасена, а излезот 1 од IC2a е на ниско ниво". Треба да стои "Додека моностабилот е во стабилна состојба неговиот излез е логичка 0, LED1 е изгасена, а влезот 1 или пин 1 од IC2a е на ниско ниво".


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК522

ИК: CD4001, CD4093
Piezzo керамички звучник
Reed контакт, за алармни системи

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.