Емитер 4/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Cигурен сум дека поголемиот број на читатели на Емитер кои се занимаваат со практична електроника, сè уште немаат изградено лабораториски насочувач со континуирана регулација на напонот и струјата поради недостаток на електронски компоненти кои поради својата специфичност тешко се набавуваат (проект на лабораториски насочувач “API-1” објавен во Емитер 7/8 од 1996, "фамозното" LM 10C), или недоволно практично искуство за изградба на релативно посложени насочувачи (Професионален насочувач “LPS-95” објавен во Емитер 1, 2 и 3/99). Овде прикажаниот стабилизиран извор е добар компромис помеѓу едноставноста на конструкцијата и добрите технички карактеристики кои не заостануваат зад фабричките извори. За одличните перформанси сведочи и фактот што оваа конструкција е верзија на фабричкиот извор Iskra MA4165 кој за основа го има ИК µA723 (LM723). Има опсег на регулација на напонот од 0 до 25V, лимитирање на струјата од 0 до 1,2A и напонска стабилност подобра од 0,15%.
Во проектот "Стабилизиран насочувач со напонска и струјна регулација" од ЕМИТЕР 4/2к во нацртот за ППК (слика 4 и 5) е испуштен водот од анодата на зенер диодата D1 до заземјувањето, што лесно може да се коригира со додавање на мала жичка. Се заблагодарувавме на нашиот читател Љупчо Талевски што ни укажа на овој пропуст.
Напонска регулација: 0 - 25V (250mV - 25V)
Струјна регулација: 0 - 1,2A (100mA - 1200mA)
Напонска стабилност: <0,15%
Струјна стабилност: <0,3%
Интегрирано коло: µA723 (LM723)
Транзистор: 2N3055, BD243 или сл.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.