Рубрика: Електроника
МОСФЕТ аудиозасилувач со звук на "лампаш"
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


МОСФЕТ засилувач во класа А можете да направите и тој да звучи подеднакво добро како лампашки засилувач доколку ги следите принципите на правилно дизајнирање и изработка дадени во овој проект. Таквиот засилувач можеби нема да има голема излезна моќност, но со употреба на стандардни компоненти кои се достапни на нашиот домашен пазар може да произведе "топол звук", кој многу потсетува на звукот добиен со скапите лампашките засилувачи!

Целта на овој проект не е да се изработи аудиозасилувач кој ќе може да се натпреварува со модерните висококвалитетни засилувачи во поглед на излезната моќност и малата дисипација, туку, наместо тоа, има за цел помалку или повеќе да ги задоволи барањата на повеќе љубители на добриот лампашки звук. Со употреба на модерни МОСФЕТ-транзистори во "лампашка" конфигурација овој засилувач може да го креира оној познат топол "лампашки звук" кој го обожуваат и го ценат многу аудофили. Нашиот МОСФЕТ аудиозасилувач работи во конфигурација на класа А. Во овој дизајн не е употребена вкупна негативна повратна врска за компензација на нелинераната карактеристика на излезниот МОСФЕТ. Затоа излезната импеданса кај овој засилувач е прилично голема со што се редуцира пригушувањето на звучникот и се овозможува да дојдат до израз звучните карактеристики на самиот звучник. Кратко и јасно: одличен засилувач за слушање повеќе видови на музика во домашен амбиент. Со својот дефиниран и топол звук, многу се доближува до квалитетните лампашките засилувачи, но затоа цената за негова реализација во однос на нив е многу пониска. Аудиофили односно љубители и обожувачи на квалитетен лампашки звук, еве ви шанса со не многу големи вложувања и малку повеќе труд да реализирате одличен аудиозасилувач! ;-)

Технички карактеристики:

Напојување: 24Vdc
Влезна чувствителност : 0,47V (при P=4W/8Ω)
Фактор на засилување: 13 (при Uin = 10mV)
Pmax: 4Wrms (8Ω; 10%THD+N; на 1kHz)
THD+N: 4,2% (при 1W/8Ω на 1kHz); 1,3% (при 0,1W/8Ω на 1kHz)
Однос S/N: 89dB (при 1W/8Ω)
Пропусен осег: 83Hz - 155kHz (при Pout = 0,1W)
Дампинг фактор: 0,21
Ефикасност: 13% (за 4W/8Ω)

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1025
Печатена плочка: ППК1026
Печатена плочка: ППК1027
МОСФЕТ транзистори: BS170, BUZ72A;
Транзистори: BD912, BD139, 2N3055;
Трансформатор: 230V / 2 x 18V (24V) / 100VA или 2 од 230V / 18V (24V) / 50VA;

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.