Емитер 12/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Генераторот на функции е еден од неколкуте задолжителни лабораториски уреди. Неговата основна намена е генерирање на сигнали со различни бранови облици, најчесто синусен, триаголен и правоаголен, кои понатаму се користат за побудување, испитување, тестирање и мерење на електронските кола. Во првиот дел од овој проект се запознавме со интегрираното коло XR2206, а во ова продолжение ќе ја анализираме шемата и принципот на работа на нашиот генератор на функции FG – 95, како и на придружниот дигитален фреквенцметар со 6 цифри.
Со појавата на специјализираните интегрални кола, изработката на квалитетен генератор на функции стана значително полесна. Изборот на овие кола не е мал, но две од нив секако се најпопуларни и истовремено најдостапни. Тоа се колата XR 2206 (производство на EXAR) и ICL 8038 (производство на INTERSIL). Во овој проект се решивме за изработка на генератор на функции базиран на колото XR 2206.
И покрај тоа што се работи за едноставно, може да се каже класично решение, генераторот на функции FG - 95 ги опфаќа практично сите видови испитни сигнали: синусен, триаголен, правоаголен, пилест и низа од импулси. Фреквенцискиот опсег се движи од 1Hz до 100kHz (поделен во 5 подрачја), што покрива околу 90% од потребните испитни фреквенции. Фреквенцијата се нагодува со два потенциометри (за грбо и фино нагодување), а се отчитува на вграден дигитален фреквенцметар со 6 цифри. Кај импулсниот и пилестиот сигнал, со посебен потенциометар, може да се менува односот на полупериодите од 0,1 до 9. За нагодување на амплитудата има потенциометар и атенуатор од -20dB, како и потенциометар за додавање на офсет (DC напон на сигналот). Генераторот е предвиден за стационарна употреба со напојување од градската мрежа, а неговите технички карактеристики се дадени во табелата.
Фреквенциски опсег: 1Hz ÷ 100kHz
Излезни сигнали: синусен, триаголен, правоаголен, пилест, импулсна низа
THD на синусниот сигнал: 2% за f<50kHz
Линеарност на триаголниот сигнал: 99% за f<10kHz
Време на пораст на правоаголниот сигнал: 400ns
Излезна импеданса: 50Ω
Излезна амплитуда: 0 ÷ 10Vpp ±10%
Офсет регулација: ±10V max
Подетално во табелата во прилог
Печатени плочки: ППК801, ППК802, ППК803, ППК804
ИК: XR2206, LM2903, TL061, CD4060, CD4518, CD4011, CD4069, CD4017, CD4553, CD4511
Транзистори: BF242A, 2N4033, BFJ45, BC182
Дисплеи: TDSR 5160G
Трафо: 2x24V/0,5A
Кристал: 3,2768MHz
Релеи: 24Vdc, PR16, TRM30
Преклопници: 2 x 5 (6) положби
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.