Рубрика: Аудио и видеотехника
Проект: Hi-Fi звучник Транс 8
Автори: Владимир Филевски, Сашко Ицковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Среќниците кои го направија звучникот Транс 6.5 (проектот во ЕМИТЕР 7-8/2003) можеби имаат само една единствена забелешка – Транс 6.5 не може да биде премногу гласен. За оние кои сакаат погласна музика и помоќни басови, неопходен е поголем бас-звучник – на пример 20 цм (8 инчи), а токму таков е употребен во звучникот Транс 8. Звучната кутија е голема (и со тоа поскапа), но затоа квалитетот на басовите е фантастичен – да не спомнувам имиња на неколку скапи звучници кои беа посрамотени во компарацијата со Транс 8!

Трансмисионата линија, како принцип на работа на звучна кутија, отсекогаш уживала култен статус меѓу аудиофилите. Но, во 99% од случаите трансмисионите линии давале многу лоши ниски тонови! Причината била во недоволното непознавање на физиката на појавите во трансмисионата линија, па сите такви звучни кутии се правеле по методот “проба и грешка”. Дури пред само неколку години направена е комплетна научна анализа, па сега проектирањето на ваквите звучни кутии веќе не претставува некој голем проблем. Правилно проектирана трансмисиона линија дава цврсти, стегнати и дефинирани басови – независно од големината на Thiele-Small параметарот Qts (тоа влијае само на големината на кутијата)! Ова е од енормно големо значење за хобистите кои сакаат да користат евтини бас-звучници, кои по правило имаат многу висок Qts параметар и заради тоа не се употребливи за ниеден друг тип на звучна кутија.

Со професионалниот уред за аудиомерења CLIO кај звучникот Trans 6.5 измерив Qtc=0,65 што е фантастичен резултат! Уште кога ќе кажам дека Qts на употребениот бас-звучник изнесува Qts=1,1 станува јасно за какво постигнување станува збор.

Во Trans 8 употребени се многу евтините, но квалитетни кинески звучници TSS. Бас/среднотонецот TSS WF210D100-7R има мембрана од импрегнирана хартија со боја на “старо злато”, прицврстена со гумена надворешна спојка (surround) за шасијата – која е од штанцуван лим со убава мат-хромирана површина. Високотонецот TSS DT41 има метализирана пластична калота од 25 mm и сребрена боја на пластичната фланша. Номиналната импеданса на двата звучника изнесува по 8 W.

Кутијата е изработена од медиапан дебел 16 mm, но може да се користи и иверка.

За звучникот Trans 8 проектирав едноставна свртница, без електричен филтер за бас/среднотонскиот звучник, со цел да се постигне најниска можна цена. 

Откако ќе ги направите Trans 8, вклучете ги во вашиот hi-fi систем; земете некое CD со добра снимка на контрабас или бас-гитара, викнете некој ваш другар кој има звучник поскап од 1000 евра; пуштете го CD-то и набљудувајте ја промената на бојата на лицето на вашиот другар – од нормална во зелена (од завист).

 

Исправки и дополнувања:
"Hi-Fi звучник Транс 8"

Во шемата на слика 3 згрешена е фазата на високотонецот – наместо истофазно, високотонецот треба да биде обратно фазно врзан во однос на бас-звучникот. Наместо 0,42 mH, индуктивноста на калемот L1 може да биде стандардни 0,43 mH.


Главни елементи и материјали:

Бас-среднотонец; TSS WF206D100-7R Високотонец; TSS DT41

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.