Рубрика: Телекомуникации
Како работи системот за глобално позиционирање
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали некогаш сте се прашувале да знаете како работи системот за глобално позиционирање односно GPS ситемот? Токму во овој број ќе се задржиме на таа проблематика. Каде сум? Каде треба да одам? Колку е далеку? Вакви прашања сигурно ќе си поставувате себеси доколку се наоѓате на некој непознат терен. Читањето од карта и работата со компас бара одредени претходни познавања и ретко кој може навистина да се снајде со нив. За да не се чувствувате изгубено, најдобро е со вас да имате GPS приемник.

Досега биле развивани неколку системи за одредување на позицијата на земјината површина, но ниеден од нив не бил прецизен како што е GPS (Global Positioning System) системот. Овој систем го сочинуваат вкупно 24 сателити кои кружат околу земјата на оддалеченост од околу 20200 километри. Тие се поставени во 6 различни патеки, а во секоја патека има по 4 сателити. Патеките се меѓусебно оддалечени за 60°.

Идејата е од секоја точка на земјата да може да се примат најмалку 4 сателита. Сателитите ја обиколуваат Земјата 2 пати во текот на 24 часа. Сателитите се напојуват на соларна енергија, а имаат и батерии за резервно напојување.

Развојот на овој систем го спровело Министерството за одбрана на САД. Првичната замисла била да се конструира систем за воена употреба, со кој ќе може прецизно да се гаѓаат цели каде било на земјината површина и од која било точка. Оригинално име на GPS системот е NAVSTAR (Navigation Satellite Timing And Ranging). За развојот на овој систем потрошени се околу 12 милијарди американски долари. Првиот сателит е лансиран во 1978 година, а комплетниот систем е завршен во 1994 со лансирањето на последниот сателит. Користењето за цивилни цели започнува некаде во 80-тите години.

Сателитите го сочинуваат вселенскиот сегмент. Постојат контролни станици на земјата кои ја контролираат работата на сателитите. Тие го сочинуваат контролниот сегмент.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.