Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Суперслушалки со 6 минизвучници во еден;
Рамноденица;
Потполно отворен код на Symbian;
Младите црни дупки гладуваат;
Училишата на иднината;
Дали постои живот на месечините на Јупитер и Сатурн;
Лотус започна со производство на евтин хибриден мотор;
Италијански научници создале синтетска коска;
LHC повторно произведува милиони неверојатни судири;
Телевизори со 3-Д слика од Сони;
Radeon HD 5670;
Нови дигитални камери од HP;
Опасно лето на HD8080606B;
Млад пулсар ни мавта;
Officejet 4500 "cè-во-едно" од HP;
Колку електрична енергија се троши за интернет?;
Wikireader - Wikipedia на дланка;
Проект за воведување на енергетска ефикасност на градежните објекти;
HP Airlife и HP iPAQ Glisten;
Нов фотоклуб;
Соларни ќелии кои сами се монтираат користат древна мудрост

Училишта на иднината
Британскиот совет во соработка со "Партнери во учењето", проектот на Мајкрософт, работеа со 10 средни училишта во Македонија со цел изнаоѓање иновативни предлози на две теми кои претставуваат предизвик во сегашниот образовен систем: "Управување со училиштето" со акцент на Процесот на промена во образованието и менаџментот и "Процесот на учење насочен кон потребите на ученикот" (Student-Centred Learning) со акцент на 2.1. Виртуелното учење и 2.2. Персонализирани методи на учење. Соработката се одвиваше во рамките на интернационалниот проект наречен "Училиште на иднината" кој има натпреварувачки карактер. Целта на проектот е да се даде и да се види визијата за иднината на образовниот процес која заеднички ја имаат и ја формираат професорите и учениците од средните училишта заедно со нивните родители.
Притоа од учесниците професори се бара да имаат искуство со работа на проекти, ИКТ вештини (професори по информатика), иновативност и креативност во наставата, и пожелно познавање на англискиот јазик.
На државниот натпревар "Училиште на иднината" со нивни проектни задачи учествуваа следниве средни училишта: СУГС "Орце Николов" од Скопје со проектот "Заедно до целта", АСУЦ "Боро Петрушевски" со "Чекор кон иднината", ОСУ "Јовче Тесличков" – Велес со "Отворени денови", СОУ "Јане Сандански" - Струмица со "Учете во еко-училиште", СУГС "Георги Димитров" од Скопје со "Онлајн училиште", СЕОУ "Гостивар" – Гостивар со "Гласот на тинејџерите", СУГС "Зеф Лјуш Марку" од Скопје со "Училишта базирани на технологии", СУГС "Раде Јовчевски Корчагин" од Скопје со "Книга на животот", СЕПГС "Арсени Јовков" од Скопје со "Преминување граници: дијалог на времиња минати и сегашни" и СУГС "Никола Карев" од Скопје со "Мисијата на Св. Кирил и Методиј и нивното време".
Најуспешни во презентацијата на својата идеја и квалитетот на понудената визија за идното училиште беа претставниците на СУГС "Раде Јовчевски Корчагин" кои ја освоија првата награда - Грант од 2000 британски фунти за реализација на проектот. Воедно, тие ќе бидат и претставници на Македонија на регионалната конференција што ќе се одржи во Скопје на почетокот на март 2010 год., а нивниот директор ќе учествува во програмата за Иновативни училишта во Берлин во април 2010 год. Второто место ѝ припадна на гимназијата Орце Николов за што освоија LCD проектор за училиштето и дополнителни награди од Microsoft (тастатура, глувче, софтвер за настава). А, третото место им припадна на АСУЦ "Боро Петрушевски" од Скопје за што добија видеокамера и дополнителни награди од Microsoft (слушалки, Office бизнис-пакети 2007, Windows Vista Home premium и игра zoo Tycoon 2). На сите останати училишта учесници им беа поделени дигитални апарати и сертификати за учество во проектот "Училиште на иднината".
Со учество во овој проект училиштата имаа можност да им овозможат професионален развој на своите професори во области како менаџирање на проекти, презентациски вештини и запознавање со иновативни технологии преку алатки креирани од Microsoft. Покрај тоа, професорите имаа можност да се вклучат во глобалната мрежа "Мајкрософт иновативни наставници" која овозможува увид во начини на примена на нова технологија, поттикнувајќи иновативност и креативност во наставниот процес. Истовремено, учениците имаа можност да се вклучат во иновативен проект и да се поврзат со соученици од регионот и од Обединетото Кралство преку вклучување во глобалната мрежа на "Иновативни ученици", а училиштето да се приклучи кон глобалната мрежа на програмата на Микрософт "Иновативни училишта". Разработените проектни идеи беа споделени со Министерството за образование и наука.

Проект за воведување на енергетска ефикасност на градежните објекти
Минатиот месец Агенциите за енергетика на Република Македонија и на Австрија и Министерството за економија потпишаа договор за започнување на заеднички проект за создавање на средина за воведување на енергетска ефикасност на градежните објекти, со цел да се намали побарувачката за електрична енергија и трошоците. Проектот "Создавање на средина за воведување енергетска ефикасност во градежни објекти во Република Македонија" е финансиран од Австриската агенција за развој, Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија и од Министерството за економија на Македонија ќе трае до септември 2012 година.
Меѓу најважните приоритети во македонската енергетска политика е развојот на регионален енергетски пазар во насока на зголемување на безбедноста на набавката на енергија и хармонизација на националната енергетска регулатива со законската регулатива на ЕУ.
Целта на проектот е намалување на побарувачката на енергија на среден и долг рок во домаќинствата и јавните објекти во Македонија, преку создавање на основни услови за енергетска ефикасност во градежниот сектор. Општите цели на проектот се зајакнување на капацитетите на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, воопшто, а особено во енергетската ефикасност во градежниот сектор, да ја поддржи имплементацијата на европската регулатива за енергетска ефикасност (особено Директивата за европска енергетска ефикасност во градежниот сектор), да реализира пилот-проект кој ќе претставува пример за демонстрација на мерките за енергетска ефикасност во градежниот сектор, да ја поддржи и да ја поттикне академската размена на знаења и да ја зголеми јавната свест преку соодветни активности.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.