Рубрика: Информатика
Компјутерски мрежи
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мрежното поврзување на компјутерите и другите ресурси потребни за успешна работа во која било сериозна фирма е веќе нормална и неизбежна појава. Верувам дека предноста на ваквиот начин на работа е повеќе од очигледна. Во случај кога имаме еден печатач и повеќе компјутери и корисници кои имаат потреба од него, мрежното поврзување е неопходно. Незамисливо е работењето на една фирма да биде без интернет-конекција, која нормално треба да ја користат сите вработени. Но, мрежното поврзување денес веќе станува можно и во домашни услови. Голема заслуга за тоа имаат достапните цени на мрежните компоненти, како и релативно едноставната процедура за поврзување која ни ја овозможуваат модерните оперативни системи.

Во основа мрежите можеме да ги поделиме на два типа: класични и безжични мрежи, иако многу често се среќава комбинација од двата типа. кога зборуваме за класични мрежи подразбираме поврзување на мрежните компоненти со помош на различни типови на кабли. Спротивно на тоа, кога зборуваме за безжични мрежи подразбираме поврзување и комуникација на компонентите со електромагнетни бранови, кои се пренесуваат низ просторот, значи безжично. Денес веќе не е прашање колку навистина е потребно мрежно поврзување, туку како тоа да се изведе. Во последно време безжичните мрежи сè повеќе добиваат на популарност, се разбира, оправдано. Но, како и секогаш постои за и против едниот или другиот тип на мрежа.

Сега, откако се запознавме со основите, мрежата во домашни услови, каде треба да се поврзат мал број компјутери, веројатно со малку труд ќе успеете да ја поставите. Ако и ви се појават проблеми и мрежата не функционира, бидете трпеливи и упорни. Прво проверете дали е сè во ред со физичкото поврзување на компонентите, а потоа проверете ги софтверските поставки. Понекогаш ситница може да биде многу значајна. За изведба на поголеми мрежи, сепак, е потребно поголемо искуство и знаење, но тоа и не ебеше цел на овој напис.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.