Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Прашање кое често предизвикува забуна не само кај крајните корисници на компјутерската мрежа, туку често и кај луѓе кои се инволвирани во компјутерската технологија, но не се докрај упатени во разликите и причините поради кои денес FTP каблите сè повеќе ги потиснуваат UTP каблите.
Овие забуни често ги предизвикуваат и самите производители на пасивна мрежна опрема (најчесто американските), од најчесто неаргументирани причини кои ќе бидат наведени во продолжението на овој текст. Но, она што е секогаш најбитно се фактите, а тие недвосмислено лежат на страна на т.н. екранизирани (оклопени) кабли.
Во почетните фази на развој на каблите за компјутерските мрежи доминираа американските производители кои ги форсираа (и сѐ уште го прават тоа) UTP каблите. UTP каблите (Unshielded Twisted Pair) се состојат од четири впредени бакарни парици, без никаква надворешна заштита од електромагнетни пречки. Париците се единствено заштитени од надворешни механички влијанија и вода со пластична изолација. Постојат 3 основни типови на екранизирани кабли: FTP, S-FTP (F2TP) и STP.
Тестирање на UTP и FTP кабли во лабораторијата на Нексанс
И покрај очигледните квалитативни предности на FTP каблите, некои производители на пасивна мрежна опрема (посебно американските) и понатаму ги форсираат UTP каблите. Всушност, причината поради која Американците форсираат неадекватни решенија е едноставна: високата цена на алуминиумот на американскиот пазар во време на појавување на FTP кабелот на светскиот пазар! Притоа не треба и да се изуми фактот дека каблите во Америка најчесто се положуваат во метални канали (кои делумно го ублажуваат недостатокот на UTP каблите), што не е честа практика во Европа (каде најчесто се користат пластични канали).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.