Емитер 7-8/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во процесот на интеграција во Европската унија, Република Македонија треба да ја хармонизира својата законска регулатива со регулативата на ЕУ ("Aquis communautaire"), меѓу другото и во делот кој се однесува на енергетската ефикасност. Првите чекори веќе се направени: донесени се Законот за ратификација на Протоколот од Кјото кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, Законот за градба, Законот за енергетика, Законот за градежни производи и Правилник за енергетска ефикасност на градежни објекти. Како база за имплементација на оваа законска регулатива во пракса, усвоени се над 100 македонски стандарди, идентични со европските. Но, актуелната состојба на ова поле кај нас, во споредба со земјите во ЕУ е на многу ниско ниво. Додека нашиот постоечки фонд на згради и новоградби има годишна потреба од енергија за греење помеѓу 120 и 180 kWh/m2, во Европа и во другите напредни земји се градат нискоенергетски, пасивни и нула енергетски згради, чиишто годишни потреби за греење изнесуваат 60, 15 и 0 kWh/m2, соодветно.
Често се среќаваме со термините “заштеда” на топлинска енергија во згради и “енергетска ефикасност” на згради, при што не се прави разлика помеѓу овие два поима. Меѓутоа, разликата е суштинска и огромна. Можеме да штедиме топлинска енергија во зима ако наместо сите простории во станот или куќата загреваме само една или две, ако наместо со потребната температура од +20°C се задоволиме со +17°C или +18°C, ако во летните месеци се преселиме во некоја сутеренска просторија со северна ориентација и на тој начин ги “преживееме” летните жеги без трошоци за употреба на клима-уреди за ладење. Неспорен факт е дека на овој начин ќе оствариме одредени енергетски и финансиски заштеди, но за сметка на комфор и удобен престој, а често и по цена на нарушено здравје. Меѓутоа, со мерките за енергетска ефикасност обезбедуваме заштеди многу поголеми од овие, истовремено без намалување на комфорот, дури и со зголемен квалитет на живеење. Како е можно ова? Одговорот е едноставен: пред сѐ, со знаење и со примена на најновите техничко-технолошки мерки и постигнатите искуства во пракса.
По оваа констатација веднаш се наметнува и второто прашање: какви се финансиските средства потребни за да обезбедиме енергетски ефикасна зграда, било да градиме нова или да санираме постоечка и дали ваквата инвестиција воопшто е исплатлива?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.