Емитер 12/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На прагот сме кон потполна дигитализација на фотографијата. Ова е период на имплементација во дигиталната фотографија на најсуптилните познати аналогни постапки за подобрување на квалитетот на сликата. Но, се разбира, се разработуваат и нови постапки. Денес, менувањето на контрастот, осветлувањето или заситувањето на боите претставува детска игра во Фотошоп. Сепак, тоа не е доволно верно да се пренесе на хартија она што нашето око го гледа. Зошто?
Дали паметите дека некогаш сте требале да замижите при гледање некоја фотографија на изложба, во списание или во некој фотоалбум? А тоа редовно го правите при најобичен сончев ден! Тоа е така, бидејќи динамичкиот опсег на осветлувањето од најтемно до најсветло во природата е многу поголем од оној што се прикажува на една просечна фотографија. Нашето око, преку својата зеница, има систем за адаптација на постоечкото осветлување. Тоа е исто така и кај фотоапаратите, тие имаат бленда која по структура е копирана од природата, но таа, за разлика од окото, не се менува во текот на експозицијата на фотографијата. Исто така, голема заслуга за да гледаме на начин како што гледаме има и мозокот кој соодветно ги обработува информациите добиени од мрежницата. Тоа резултира со факт дека човекот може да перципира многу поголем динамички опсег на осветлување од тој што техниката може да го пренесе на хартија.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.