Емитер 3/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во претходните броеви на ЕМИТЕР имаше неколку проекти за изработка на полнач за акумулатор од 12V, додека љубителите на две тркала (мотоциклите и скутерите) останаа запоставени. Време е да ја исправиме неправдата.
Полначот за акумулатори од 6V не се разликува многу од автоматски полнач за акумулатори за 12V. Некои пософистицирани полначи за акумулатори од 12V имаат преклопник за избор на излезниот напон и струја - со избор на напонот и струјата можат да ги полнат и двата типа на акумулатори. Но, што се случува ако немате никаков полнач? Не ви се исплатува изработка на едноставен полнач за акумулатор кој "на сила" ќе го полни празниот акумулатор, бидејќи и за оваа варијанта ќе ви требаат 4 исправувачки диоди или Грецов мост и соодветен трансформатор. И со овој едноставен полнач ќе го наполните акумулаторот, но едноставноста на склопот има свои мани - најголеми се чувствителноста на куса врска на неговите излезни приклучоци и променливата струја на полнење, која е зависна од моменталниот напон на акумулаторот. Ако се одлучите да изработите полнач, добро би било да потрошите некој денар повеќе, а со тоа да изработите многу поквалитетен полнач на акумулатори за 6V. Инвестицијата во дополнителната електроника, секако, многу бргу ќе ви се исплати, бидејќи со дополнителниот трошок од околу 150 денари ќе добиете навистина квалитетен уред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.