Рубрика: Електроника
Дигитален бројач за редослед на чекање
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бројачот е замислен како индикатор на редоследот на чекање кај пациентите во амбуланта или ехотомографски кабинет, а далечински е управуван со инфрацрвени зраци. Секој пациент, како индивидуа, е еднозначно определен со број кој го добива на картонче на шалтерот, редоследно како што доаѓа за преглед. Кога земениот број од картончето ќе се појави на дисплејот, пациентот влегува за преглед. На ваков начин се одбегнуваат секојдневните гужви, турканици и расправии помеѓу пациентите кои чекаат за преглед, но и амбулантата добива европски изглед.

Проектот е уште една потврда дека најголемиот број од идеите произлегуваат од проблемите што се појавуваат во пракса. Подолго време, работејќи како лекар во амбуланта, не можев да го разберам нашиот балкански менталитет, зошто секогаш каде што има чекање мора да има расправии, гужви, турканици? На секого му се брза, "Јас бев прв, дојден сум од 6 часот" (иако прегледите започнуваат од 9 часот), "Ти сега дојде и сакаш да влезеш...". И ден денес не сум го добил одговорот на ова прашање, ама решив да направам нешто што од поодамна го имаат европските земји и некои од салоните на Т-мобиле - систем за редослед при чекањето. Потребен е дисплеј индикатор кој ќе го прикажува бројот на пациентот кој стигнал на ред и систем кој ќе ги снабдува пациентите со редоследни бројчиња, во зависност од времето на доаѓање.
Од финансиски аспект, уште на почеток отпадна решението со автоматизиран печатач кој ќе издава печатени бројчиња со реден број и време на земањето. Предлог-решение? Евтино и практично, можеби не толку софистицирано и современо... печатени картончиња со бројки кои се нумерирани од 1 до 19, кои медицинската сестра ги дели на пациентите кога ќе ги запише, ќе им наплати и ќе им ја врати книшката. Пациентот само треба да го види и запамети бројчето и да чека неговиот број да се појави на дисплејот. Бројчињата и дисплејот треба да имаат доволна големина да бидат забележани и правилно прочитани и од пациентите со нарушен вид.
Поради поголема автономија во поставувањето и управувањето на нумеричкиот бројач - индикатор, уредот би требало да биде управуван со далечинска контрола и да содржи два лед дисплеи, еден поголем "џамбо" за индикација во видно поле на пациентите и еден помал контролен кој би се наоѓал во видно поле на тој што ќе управува со бројачот (медицинската сестра или лекарот). Размислував дали бројачот да биде способен да брои напред – назад, но поради едноставност (пари и време) одлучив да биде само во еден правец, нанапред. За случајно да не се направи грешка и да се прескокне некој број, потребен е контролен дисплеј. Ако се направи грешка, бројачот треба да има можност за брзо броење нанапред, за да може грешката бргу да се исправи.

Технички карактеристики:

Напон за напојување: 12Vdc;
Опсег на броење: 0 - 19;
Управување: со ИЦ телекомандер.

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК407
Печатена плочка: ППК408

ИК: TSOP1738, NE555, CD4013, CD4026

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.