Емитер 1/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Стационарните електронски уреди речиси редовно се напојуваат, односно се приклучуваат на градската мрежа. Исклучок се прави кај посебните склопови кои во себе содржат тиристори или тријаци, кои директно се напојуваат од градската мрежа, т.е. на напон од 230V, а останатите електронски уреди бараат (изискуваат) еднонасочно напојување. Поради тие причини, пожелно е секој електроничар без разлика дали е почетник или е во напредна фаза во својата работилница да поседува "Стабилизиран исправувач", со можност за континуирана промена (регулација) на излезниот напон. Во проектот што ќе го проследите, ви се нуди еден таков стабилизиран исправувач кој се одликува со континуирана регулација на напонот од 3 до 30V и со излезна струја до 2,5A. Проектиран е така да можете да го изработите со минимални вложувања и со основни предзнаења од областа на електрониката.
Еден од најважните уреди кој треба да го поседува една работилница на секој електроничар е "Стабилизиран исправувач со континуирана промена на напонот". Било да се работи за поправка или напојување на електронски уреди или се во прашање нови конструкции, ваквиот исправувач, како извор за напојување, ја има незаменливата улога. Основната варијанта на стабилизираниот исправувач која ви ја предлагаме во дадениов проект, ќе ви понуди многу добри можности во експлоатацијата, со нагласено мали вложувања.
Максимален влезен наизменичен напон: 24V
Номинална струја на секундарот на трансформаторот: 3A
Регулација на излезниот стабилизиран напон: од 3,5 до 30V
Ограничување (лимитирање) на излезната струја: до 2,7A
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.