Рубрика: Аудио и видеотехника
LCD или плазма ТВ-приемник (1)
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали можете да им помогнете на оние што се во дилема кога купуваат нов ТВ-приемник, да се одлучат што да одберат? Овој напис ќе ви овозможи да бидете во состојба да дадете добар совет. Како прво, ќе ги изнесеме принципите на LCD и ПЛАЗМА технологиите, а потоа ќе дадеме споредбата на карактеристиките на LCD и ПЛАЗМА екраните.

Сведоци сме на постепеното повлекување на CRT-екраните кај телевизиските приемници пред новите технологии. Релативно добриот квалитет на сликата што тие го даваат, не е доволна предност пред нивната поголема потрошувачка на електрична енергија и просторот кој го заземаат. Во натамошниот текст ќе видиме какви алтернативи ни нуди натамошниот развој на технологијата на мониторските и ТВ-екраните.

LCD-индикатори и екрани денес се среќаваат на секој чекор, тие се насекаде околу нас, во дигитални часовници, рачни преносни компјутери, CD-плеери, микробранови печки, индустриски контролери или разни медицински уреди, а во поново време и за ТВ-приемници.

LCD-технологијата постојано се развива така што денес имаме неколку вида на технологија на течни кристали, меѓу кои се супер свртени нематици (STN – super twisted nematics), двојно скенирани нематици (DSTN – dual scan twisted nematics), фероелектрични течни кристали (FLC – ferroelectric liquid crystals) и површински стабилизирани фероелектрични кристали (SSFLC – surface stabilized ferroelectric liquid crystals).

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.