Рубрика: Уводник
30 години ЕМИТЕР - јубилејно издание
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


ЕМИТЕР слави јубилеј – 30 години со вас!

Иако во оваа 30-та година од нашето постоење, заради повеќе објективни и субјективни причини, работењето ни беше на ниско ни­во (не ни цветаа баш рози) сепак смог­нав­ме сили и подготвивме јубилеен број кој во однос на прет­ходните е уникатен – во овој број со по една статија ќе бидат зас­тапени оние кои имаат дадено поголем придонес во досе­га­ш­ното постоење на вашето оми­лено списание, почнувајќи од 1995 до денес. Речено – сторено.

Но, задачата излезе потешка и пообемна од она на што се наде­вавме. Имено, со текот на го­дините, како што се менувавме и ние така се менуваше и порт­фолиото на нашите соработ­ници. Добар дел од нашите соработ­ници стигнаа до раководни по­зиции со завидно обемен број об­врс­ки и одговорности, дел од нив се отсе­лија, а со некои од нив од кон­тактите се изгубија... 

Воспос­та­­ву­вањето на кон­так­тите одно­во, пре­зафатеноста на луѓето, пов­лече од­дол­жување на  под­го­тов­ката на со­др­жините, што пов­лече и одло­жу­вање на печа­те­њето,...

Како и да е, јубилејниот број е во завршната фаза на под­го­тов­ка. Ова специјално издание со свои текстови го прават нашите најплодни и најзна­чајни автори од сите фази на раз­војот на спи­са­нието.

За првпат вие, нашите чи­та­тели, преку кратки биографии за секој од нив, ќе имате можност да доз­наете кои се и кои биле тие луѓе што несебично го даруваа нив­ниот талент и знаење со вас, за поче­токот на соработката и објавените статии во Емитер, за нивната професионална кариера и хоби афинитети...

Сметаме дека на овој начин на­шата “емитер­џиска” заедница ќе добие уште по­длабоко раз­бирање за прецизноста, струч­носта и посве­те­носта на дета­лите што наспроти сите проблеми сме ги инвестирале во се­кој нов број од списанието, се­кое ново из­дание на книга или брошура.

Во јубилејното издание со преку 120 стра­ници ќе читате за:

• Бинаурална лока­ли­за­ција – просторно слушање,

• Вештачка интелигенција – од сон до секојдневие,

• Повеќенаменски ис­пи­тувач за на­понска издржливост,

• 50 W Hi-Fi излезен засилувач,

• Што е ГИС техно­логија и за што се ко­ристи,

• Технички квалитет на видеото,

• Контрола на свет­ло со радар,

• 3D принтот во маке­тарството,

• 3Д мапинг проекција на фасада,

• Speedport 7: Кога интернетот конечно стана невидлив,

• Математиката во ерата на AI,

• Алшар – првиот македонски хуманоиден робот,

• Мелодично ѕвонче,

• Како функционира вештачката инте­ли­генција,

• Телескопот Џејмс Веб откри уште една нелогична рана галаксија,

• Ту ВИ ор нот ту ВИ – во дигиталниот маркетинг,

• Ѕвезда што не се вклопува во ниту една категорија,

• Новиот Правилник за енергетски ка­рак­­те­ристики на згради,

• Непресушните извори на мате­ма­тиката,

• Репарирање на лизгачки лежишта,

• Беше еднаш во Петровец,

• Радиоаматерство – што и како,

• 50 години ‘Хели клуб’, 

• 30 години во развојот на процесорите – Интел vs АМД,

• Лабораториски стабилизиран извор за напо­јување со U/I регулација,

• Акустичка повратна врска во сис­темите за озвучување

• Мистеријата наречена НЛО,

• Шифратор со клуч за една употреба,

• Енигмите на времето,

• МиниПОНГ – видеоконзола со играта Понг,

• Основни принципи на телевизијата,

• Архивирање на аудиозаписи

• Дијагностика на дефекти

 и други написи...

 

Бројот е пуштен во претпродажба во е-продавницата на ЕМИТЕР, а списанието ќе биде дистрибуирано по Нового­дишните и Божикните празници.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.