Покрај добриот изглед, Beauty 5.5 има и добар звук. Принципот на работа на кутијата е четврт бранов резонатор, споменат во текстот "Звучни кутии - сите видови на светот", во поглавието Трансмисиона линија (ЕМИТЕР 9/96). Со овој тип на звучна кутија се добива пониска долна гранична фреквенција f3, отколку што би било можно во компресиона кутија со истиот волумен. Колку што ни е познато, ова е првата звучна кутија на територијата на Македонија која работи на овој интересен принцип. Beast 15/250 е класичен, голем бас-рефлекс PA звучник со висока ефикасност. Пресметан и конструиран е така да дава многу длабок бас. Басот е толку длабок и гласен, па многу PA subwoofer-и на светски познатите фирми можат само струја да му носат.