Рубрика: Електроника
Ладење на полупроводниците
Автор: Александар Митревски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При практична реализација на некои електронски уреди кои работат со поголема моќност секогаш се јавува проблемот - ладење на полупроводничките елементи (диоди, транзистори, интегрирани кола). Ако одберете предимензиониран ладилник, економски е неисплатливо. Ако одберете мал или “доволен” ладилник, не е сигурно. Текстот што следува има цел да ви помогне овој проблем да го решите едноставно, ефикасно и економично, а истовремено детелно да се запознаете со теоријата за ладење на полупроводничките елементи.

Сите полупроводнички елементи за време на работата се загреваат. Загревањето е поизразено особено кај полупроводничките елементи кои работат со големи струи. Всушност се загрева полупроводничкиот кристал, а топлината се пренесува преку куќиштето. Исто така се загреваат и интегрираните кола бидејќи се составени од транзистори, диоди и отпорници кои при работата се загреваат. За да не дојде до разорување на кристалот на полупроводничкиот елемент поради топлина потребно е да се преземат мерки за негово ладење.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.