Емитер 11/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Многу делови од аудио опремата имаат потреба од ниво на сигнал со кое ќе работат правилно. Неадекватно ниско ниво на сигнал едноставно дава слаб однос сигнал - шум. Од друга страна прекумерно ниво на сигнал предизвикува силни изобличувања кои во краен случај може да предизвикаат и оштетување на звучниците. Овие проблеми ефикасно се решаваат со уреди наречени компресори,. Тие вршат компресирање на влезниот сигнал кој е со доста широк амплитуден опсег, сведувајќи го на сигнал со релативно ограничен амплитуден опсег. Компресорот од оваа статија има вграден предзасилувач за микрофон и е предвиден да биде поврзан на влез за високо ниво на засилувач, миксета или слично, но со малку преправки овој компресор ќе можете да го приклучите на влезот за микрофон.
Многу делови од аудио опремата имаат потреба од ниво на сигнал со кое ќе работат правилно. Неадекватно ниско ниво на сигнал едноставно дава слаб однос сигнал - шум. Последиците од прекумерно ниво на сигнал обично се драстични, со силни изобличувања кои стануваат толку големи што во краен случај може да предизвикаат и оштетување на звучниците. Два типа од аудио опрема, каде проблемите со несоодветно ниво на сигнал се најверојатни се: PA (Public Adress) разгласни системи и снимачите на ленти.
Искусните познавачи на аудио опрема знаат како да ја употребат опремата за да постигнат најдобри резултати, но неискусните често прават комплетна збрка на работите. PA системите често имаат мошне напорен период кога се наоѓаат во рацете на нелогични луѓе кои мислат дека треба силно да викаат во микрофонот за да бидат слушнати. Некои типови на аудио опрема содржат кола за автоматска контрола на влезното ниво кои сигналот го држат на разумно стабилно ниво, пркосејки на големите промени на влезниот сигнал. Ова е всушност колото кое се наоѓа во снимачите на ленти, но релативно ретко се среќава во PA системите.
Како и да е, обично не се јавуваат потешкотии при употреба на надворешно коло за автоматска контрола на нивото. Се мисли на потешкотии при поврзувањето помеѓу микрофонот со миксетата, снимачот на лента, засилувачот или слична комбинација. Уредите од овој тип, познати како компресори вршат компресирање на влезниот сигнал кој е со доста широк амплитуден опсг, сведувајќи го на сигнал со релативно ограничен амплитуден опсег. Компресорот во оваа статија има вграден предзасилувач за микрофон и е предвиден да биде поврзан на влез за високо ниво на засилувач, миксета или слично. Но ако ви е неопходен сигнал со ниско излезно ниво тогаш со малку преправки овој компресор ќе можете да го приклучите на влезот за микрофон.
Амплитудно-фреквентна карактеристика: 15Hz - 30KHz ( - 3dB );
Излезна отпорност: < 10 Ω
Влезна отпорност: 600 Ω
Максимален влезен напон: 22 mV;
Максимален излезен напон: 430 mV
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.