Рубрика: Телекомуникации
Радио - аматеризам
Автор: Владимир Ковачески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поимот радио - аматеризам не е лесно еднозначно да се дефинира, но сепак општо е прифатено дека претставува организирана активност насочена кон обука и техничко истражување во областа на радио - техниката и кон одржување радио - врски, која се спроведува доброволно, од лично задоволство и без непосредна материјална корист.

Основен белег на радио - аматерите е тоа што тие непрестано експериментираат и тоа не само во потесната техничка област туку и во одржувањето радио - врски со што поголем број земји на што поголем број фреквентни опсези, следење на феномените на простирањето на електромагнетните бранови и.т.н. Содржината на радио - аматерските радио - врски не е заради пренесување информации, разговори и сл. - како што е тоа случај со професионалните служби, туку заради техничко истражување, забава и ширење на меѓународното пријателство. Во услови на елементарни непогоди и други нередовни состојби содржината на аматерските радио - врски брзо се пренаменува и добива значајна улога во разрешувањето на практичните проблеми на пошироката заедница. Во многу случаеви радио - аматерската врска е единствената комуникација со надворешнио свет и единствана надеж за спас на многу човечки животи. Токму заради тоа значењето на радио - аматеризмот е сфатено од најголемиот број држави и истите ја негуваат и помагаат оваа активност.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.