Секој аналоген напон пред да се измери и подоцна да се обработи со компјутер, потребно е да се конвертира со уред за конвертирање (конвертор) со неопходна прецизност. Конверторот ќе му обезбеди на компјутерот n-битен еквивалент на напон, со што тој напон може понатаму дигитално да се обработува. Очигледно, колку е n поголемо, во толку повеќе чекори се врши процесот на конверзија, но во исто време се добива и поголема точност.