Електроника

По две продолженија конечно стигнуваме до изработката на уредот. Иако печатените плочки потребни за изработка на уредот се прилично големи и содржат многу елементи, нивната изработка не би требало да претставува проблем дури и за оние што немаат големо искуство, додека при монтажата како помош можат да ви послужат фотографиите на изработениот уред.


Аудио и видеотехника

Со еквилајзерите може да се влијае врз амплитудите на различните фреквенциски компоненти од аудио спектарот. Тие претставуваат една многу корисна алатка при обработката на аудио сигналот. Затоа се наоѓаат вградени во речиси секоја тонска миксета, но, обично, во "посиромашна" варијанта, што се однесува до можностите. Со многу повеќе можности, па дури и "раскошни", се градат како посебни уреди кои можат да бидат уфрлени, односно инсертирани, на патот на аудио сигналот.


Електроника

По разгледувањето на писмата од читателите во кои се изразени нивните желби за проекти кои сакаат да бидат објавени во ЕМИТЕР, мене ми падна задачата да подготвам проект за алармна сирена, која ќе може да се искористи и за други намени. На почетокот помислив дека овој проект нема да претставува некој поголем проблем, но подоцна не излезе така.


Аудио и видеотехника

Сè укажува на тоа дека мирот и опуштеноста во погоните и конструкциските и дизајнерските бироа на Pioneer биле само привид. Годините во кои се чинеше дека ништо посебно не се случува, потрошени се на значајни зафати во топологијата и анатомијата на склоповите, што резултираше во бројни технички унапредувања на нивните CD плеери.


Аудио и видеотехника

Нашиот читател Владимир Наумовски навистина се потрудил да направи добри звучници – и на изглед, и на звук. Убавата боја и солидната (надворешна) изработка го прават овој звучник украс за секој дом. Употребени се бас-звучникот Simsonik PC 820 P со поликарбон мембрана и високотонецот Simsonik YDQG 5-2. За успешноста на практичнта изведба, резултатите од мерењата на звучниците, како и нашите сугестии за подобрувања може да се информирате во продолжение на овој напис.


Телекомуникации

CD-ROM кој во себе содржи голем број мапи може да обезбеди доволна база на податоци за компјутерски контролиран навигациски систем во моторните возила. Во соработка со системот за глобално позиционирање (GPS - Global Positioning System) и со соодветен софтвер сето тоа представува моќен систем кој може да го олесни снаоѓањето на возачот во сообраќајот.


Аудио и видеотехника

Италијанската компанија RCF, иако произведува и Hi-Fi звучници за домашна употреба, сепак е најпозната по своите многу квалитетни професионални звучници за разглас.


Електроника

Изворот на напојување е составен дел на секој електронски уред. Негова главна задача е да ги обезбеди потребните напони и струи за правилна работа на уредот. Практично, во изворот на напојување се врши конверзија на влезниот напон ( AC/DC или DC/DC ) и стабилизација на излезниот напон.


Електроника

Како што можете да заклучите од самиот наслов , овој аларм со помош на ултра звук треба да го открие евентуалното движење во просторот кој се чува. Предноста на овој аларм е во тоа што просторот се чува без разлика од која страна ќе влезе несаканиот посетител, а со тоа се елиминира употребата на безброј прекинувачи што е случај со другите типови на аларми.


Електроника

Секој гитарист, кој барем еднаш се обидел да експериментира со звукот од неговата гитара, го познава овој ефект. Електроничарот од друга страна може да се заинтересира за градба на овој уред од повеќе причини. Првата, најверојатно би била бидејќи и самиот свири на гитара, па стигнал до стадиумот кога оригиналниот звук веќе не му е доволен.


Електроника

Во ова продолжение од курсот за практична електроника се запознаваме со транзисторите и видовите на транзистори. Од нив подетално ќе ги разгледаме биполарните транзистори, нивната градба, видовите на биполарни транзистори и принципот на работа.


Аудио и видеотехника

Ако погледнеме низ прозор, без разлика дали е нечист или совршено чист, сликата која ќе ни се прикаже ќе биде всушност иста. Единствено низ заматен прозорец нема јасно да се видат најситните детали, контурите нема да бидат остри, а и гледањето низ нечист прозорец повеќе ќе не замори отколку гледањето низ оној за кој ни се чини дека не постои.


Аудио и видеотехника

Двоканалната стереофонија е најшироко распространета пред сè поради техничко-комерцијалната остварливост кај најширокиот круг слушатели. Сигурно не може да се каже дека таа ги задоволува и најпробирливите слушатели. Впрочем, една од човечките доблести е постојано да истражува нови можности за подобрување на нештата. Во поновите и позначајните обиди за подобрување на двоканалната стереофонија спаѓа трансауралното стерео.


Електроника

Идејата за конверзија на фреквенција ми се јави како потреба за промена на фреквенцијата од 60Hz (по американски стандард) која управува со саатен модул, во фреквенција на наш стандард - 50Hz.
Сигурно и многумина се зачудиле зошто електронските дигитални часовници, будилници, купени во Америка (или проиведени за американски пазар) прекумерно "брзаат".


Електроника

Освен многуте засилувачи што беа објавени во ЕМИТЕР за употреба во домашни услови имаше објавено и проекти на засилувачи што можат да се употребат во автомобил. Единственото ограничување за засилувачите што би требало да работат во автомобилот е нискиот работен напон од околу 12 - 15 волти, при кој максималната моќност е лимитирана на околу дваесетина вати.


Омнибус

Правила за натпреварот UBA-SPRING;
TEN-TEC делови за самоградби;
SSB CONTEST операторски совети;
Правила за работа преку репетитор;
Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

Infinity Kappa 70;
Platine Verdier;
Basis 1400;
Krell KPS 25S;
Meyer Sound Laboratories на EXPO 98;
Од светот на микрофоните;
Повеќе моќ во помал простор;
Нови производи од Mitsubishi;
Видео сервер ASC VR300;
Sony MDS - B5;
Fostex PD4 - 2;
Hewleet - Packard HP2000C


Писма
Појак предавател и антенски предзасилувач
Авто аларм AA1302
Дампирање на звучници
Звучни кутии од мермер