Емитер 9-10/2016.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Логичката сонда е уред кој се користи во проектирањето на логички склопови и микроконтролерски системи. Класичната логичка сонда го покажува статичкото логичко ниво. Тоа е ниво кое определено време е постојано и не се менува, така што човекот може да го воочи како такво. Но, освен ваквите сигнали, во логичките склопови честопати се јавуваат состојби коишто се толку кратки, што човекот не може да ги забележи преку оваа сонда поради природата на окото и самата перцепција. Оваа сонда претставува модификација на обичната логичка сонда но, со некои дополнувања кои нема многу да ја усложнат и да ја поскапат самата сонда, но многу ќе ја подобрат нејзината функционалност.
Конструкцијата започна како потреба. При работа на еден мал проект со микроконтролер, не бев сигурен дали контролерот комуницира со компјутерот преку сериската порта, па ми се виде згодно да имам некој евтин склоп што ќе ја покаже оваа комуникација. При развој на микроконтролерски склоп, најмногу време се губи во дебагирање на програмата. Стандардните дебагери се одлични за таа намена, но бараат многу нагодувања, а на екранот се трупаат прозорците во кои се следат соодветните регистри. Јас повеќе сакам да ја развивам програмата како Release верзија, а како начин на исправање на програмата да користам код за дебагирање, сериска порта и логичка сонда како индикатори. Исто така, ми се виде добра идеја, на соодветни делници во кодот да генерирам импулс кој ќе ми каже дали MCU-то ја минало таа делница од кодот. Затоа ми требаше некој склоп кој ќе го “фати’’ овој импулс, кој со обична логичка сонда не може да се види. Тука морам да напоменам дека ова се мои лични согледувања, како аматер кој користи асемблер за пишување програми за 8-битни пикови, кои не надминуваат повеќе од три-четири модула со помалку од 700 асемблерски линии по модул.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.