Омнибус

НАСА објави детален план за враќање на Месечината;
Новиот "WALKMAN-BEAN" на SONY;
Астрономски речник: затемнување на Месечината;
Затемнување на Сонцето набљудувано од плоштадот Македонија;
Хиперион каков што не сте го виделе досега;
Microsoft визија 2005;
Звучник на годината: Wharfedale Diamond 9.1;
Нови информации за кометата Темпел 1 и за мисијата Deep Impact;
Затемнување на Сонцето набљудувано од Охрид;


Омнибус

Изложбениот простор на Скопскиот саем по 31-ви пат беше домаќин на меѓународниот саем Технома, кој и оваа година беше проследен со изложбата на иновации Макинова, како и меѓународниот саем на занаетчиство и мало стопанство и меѓународниот саем на за одбрана, заштита и обезбедување.


Аеронаутика

Авионот XB - 70 "Valkyrie" (Валкира) е конструиран како резултат на барањето на Американското воено воздухопловство (United States Air Force, USAF) за бомбардер кој ќе може да лета на големи височини со брзина од 3 маха и ќе биде способен да носи нуклеарно или конвенционално оружје. Подоцна, поради развојот на советските ракети од типот земја - воздух развојот на овој авион како бомбардер е откажан, а е одлучено да се изградат само два прототипа како експериментални авиони.


Астрономија и астронаутика

Почнувајќи од овој број на ЕМИТЕР, во четири продолженија ќе објавуваме текстови кои ја објаснуваат историјата на потрагата по вонземска интелигенција, од нејзините почетоци до денес. Во овој број ќе биде опишано како е дојдено до таа идеја воопшто да се почне да се бараат сигнали од вселената, кои би биле од вонземско потекло. Дадени се и теориски претпоставки за тоа како потрагата би требало да се одвива, кои станале основа за сите понатамошни барања.


Астрономија и астронаутика

Во ноември ќе биде присутен редовниот метеорски рој Леониди, активен од 14 до 21 ноември, со максимум на 17. Оваа година набљудувањето нема да се исплати, бидејќи се предвидува ZHR=20, а Месечината ќе биде полна само два дена претходно, десеткувајќи ги и оние малку метеори таа вечер.


Аудио и видеотехника

Од професионалните аудиозасилувачи на моќност се очекува многу големата излезна моќност, висок квалитет и сигурно функционирање при долготрајна употреба. Затоа на нивната конструкција се посветува посебно внимание, почнувајќи од изборот на класата во која засилувачот ќе работи, техничките решенија и иновации во електричната шема, квалитетот на употребените компоненти, се до дизајнот на кутијата.


Аудио и видеотехника

Кога ќе влезете во студиото ЖЛУСТ ќе наидете на потфат за почит: сложна дружина студио изградила и тоа сé со љубов и со внимание. Просторот не е мал, дури би рекол и голем за наши услови, исполнет со инструменти и помошни направи.


Аудио и видеотехника

Во ЕМИТЕР 7-8/05 број се запознавме со аналогните видеоконектори: RCA, IEC 169-2, BNC, S-video и SCART. За овој број останаа, условно кажано, дигиталните видеоконектори: DVI, HDMI и IEEE-1394. Поделени се во две групи. Во првата се DVI и HDMI кои се користат за пренос на содржини кои можат директно да се прикажуваат на дисплеите, додека во втората група е сместен IEEE-1394 како еден повеќенаменски конектор, кој сепак најпознат е како интерфејс за префрлување на видеосодржини.


Аудио и видеотехника

Дали некогаш ве зафатил бран? Морски или поинаков... Дозволете да ве зашемети бранот на производи од марката SHOCKWAVE. Токму тоа име ме предизвика да го подготвам овој напис, бидејќи сите нас во последно време нé прекри бранот од производи на SHOCKWAVE. И еве овде ќе стане збор токму за еден уред од спомнатото семејство... ви го претставувам SHOCKWAVE DV 310... па уверете се сами.


Електроника

Во претходниот број се запознавме со концептот на нашето терморегулациско лемило ДБ2, со принципот на работа на сите негови степени и со потребниот материјал. Во овој втор дел од проектот даваме детален опис на неговата изработка и нагодување, а на крајот следи и упатство за употреба. Направете ја оваа софистицирана лемна станица и преминете во професионалните електроничари!


Електроника

За напојување на големи потрошувачи со еднонасочен напон обично се користат мостни насочувачи со моќни диоди. Работите се комплицираат кога е потребна континуирана регулација на моќноста кај овие потрошувачи. Како едно од решенијата во овој случај се јавуваат управливите насочувачи реализирани со тиристори. Во овој текст нудиме проект на еден таков насочувач, кој може да се направи за струи од десетина до неколку стотици ампери.


Електроника

Од овој број започнуваме со нова серија написи, всушност подрубрика во склоп на рубриката "електроника", за која планираме да биде редовно застапена во иднина.


Електроника

За да нема вашиот аудиозасилувач поголеми изобличувања, односно музиката што ја слушате од него да биде кристално чиста треба да имате и визуелна контрола за нивото на аудиосигналот. За ова да го овозможиме, аудиосигналите од излезот на предзасилувачот треба да ги претвориме во светлински. Оваа трансформација ќе ни ја овозможи стерео ВУ-метарот изработен со помош на интегрираното коло KA2281.


Електроника

Познато е дека правоаголниот сигнал е составен од голем број хармоници. Ако повеќе правоаголни сигнали со различни фреквенциии се искомбинираат меѓусебно се добива резултантен сигнал со екстремно голем број хармоници. Звукот на така добиениот сигнал е многу сличен на свирежот на парна локомотива.


Енергетика

Во услови на сé поголема енергетска криза во светот, и сé повисоките цени на енергенсите во Македонија, фирмата СИЕТО од Скопје изработи проект и изведбено решение за примена на алтернативните извори на енергија, сонце и ветер, за производство на електрична струја и подготовка на топла вода за потребите на индивидуален станбен објект лоциран во с. Кадино, општина Илинден.


Информатика

Исто како и кај другите оперативни системи, така и кај Windows XP корисникот се среќава и учи разни работи со кои би можел полесно и побрзо да работи во оперативниот систем. Во овој текст секако дека не е напишано сé, но се кажани дел од работите со кои можете да си ја олесните вашата работа и да си ја направите поинтересна.


Информатика

Тврдите дискови се "парче" хардвер без кој не се може. Поради улогата што ја имаат, тие мора да бидат организирани на соодветен начин. Кажано поинаку, мора да се форматираат. Секој оперативен системи, користи одреден систем на организирање на тврдите дискови, т.е. посебен вид на датотечен систем. По што се разликуваат овие датотечни системи и дали се читливи за различни оперативни системи? Може ли да се трансформираат од еден во друг вид? Но и друго нешто.


Информатика

Интернет-корисниците секој ден си разменуваат меѓу себе милиони e-mail (електронска пошта) пораки, така што слободно можеме да кажеме дека е-маил претставува многу моќна комуникациска алатка. Дали некогаш сте се запрашале како, всушност, функционира овој e-mail систем? Одговорот можеби ќе ве изненади, бидејќи на крајот ќе видите дека електронската пошта има неверојатно едноставно јадро. Затоа прочитајте го текстот што следи!


Информатика

Мислите ли дека денешната ЦД-оптичка технологија го заслужува она почесно место што со голема чест го заслужи на почетокот на 90-тите години од минатиот век? Секако дека во тој период оваа технологија предизвика голем пресврт во употребата на медиуми за чување и архивирање на податоци. Овој историски настан почна да ја турка магнетната технологија во заборав, па денеска може да се види дека оптичките дискови заземаат видно место како медиум за чување, архивирање и размена на податоци.


Телекомуникации

Во последните неколку броеви на ЕМИТЕР некако ги запоставивме мобилните телефони и самата рубрика телекомуникации, па за овој број подготвивме еден подолг напис на таа тема, по теркот на двата текста што ги објавивме во ЕМИТЕР бр. 7/8 и 10 од 2004 година и кои наидоа на добар одѕив кај вас читателите. Станува збор за една споредба помеѓу оние модели на телефони кои можат да се најдат на нашиот пазар, а нивната цена се движи до 8000 денари.


Физика

Најголемата енигма во астрофизиката гласи: "Зошто при раѓање на вселената природата се ориентирала кон создавање само на материја, кога законите на физиката налагаат паралелна продукција на материја и антиматерија"? Енигмата се обиделе да ја разрешат група физичари експериментирајќи на универзитетот Стенфорд на уникатен линеарен акцелератор на елементарни честички, кој симулира состојба слична на онаа, веднаш по Биг Бенгот.


Автомобилска техника

Успехот на еден болид во Формула 1, па и воопшто на еден тркачки автомобил, директно е условен од успешната усогласеност на неговите бројни составни делови и други параметри. Моторот како главна движечка компонента, иако претставува само еден дел од болидот, секако дека е најатрактивниот и најинтересниот дел од Формула 1. Тој е и тема на петото продолжение од серијалот за Формула 1.


Писма
Гп-антена и програма за рекламно светло
Самоградба на микрофон со голема насоченост
Модификација на засилувач Marshall