Рубрика: Информатика
Оптички дискови: еволуција или деволуција
Автор: Драган Јованоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мислите ли дека денешната ЦД-оптичка технологија го заслужува она почесно место што со голема чест го заслужи на почетокот на 90-тите години од минатиот век? Секако дека во тој период оваа технологија предизвика голем пресврт во употребата на медиуми за чување и архивирање на податоци. Овој историски настан почна да ја турка магнетната технологија во заборав, па денеска може да се види дека оптичките дискови заземаат видно место како медиум за чување, архивирање и размена на податоци. Но, сега ни се наметнува едно суштинско прашање, дали можеме да се потпреме врз квалитетот на оптичкиот диск и дали имаме целосно поверение кога е во прашање архивирањето на важни и доверливи податоци на истиот? При едноставна анализа на македонскиот пазар каде што се продаваат оптички дискови, може да се утврди следнава ситуација: тотален хаос, неквалитетни производи со сомнително потекло како и нестручно однесување кон ионака малкуте квалитетни производи кои, по некоја "случајност", ги продаваат аматери. Можеби следните анализи ќе ја подразбудат свеста кај корисниците на оптичките дискови.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.