Емитер 11/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од овој број започнуваме со нова серија написи, всушност подрубрика во склоп на рубриката "електроника", за која планираме да биде редовно застапена во иднина. Овие написи ќе одат со наднаслов "Школа за електроника" и се наменети за сите оние читатели кои немаат никакви познавања од електрониката, а сакаат да станат електроничари; за оние кои имаат само основни знаења од областа на електрониката, а имаат желба да ги прошират и да ги преточат во реализација на практични примери; па се до оние коишто се докажале како прави електроничари. На овие страници ќе најдете одговори на многу прашања што сте ги поставиле и на оние што не сте ги поставиле, одговори исполнети со едноставни и разбирливи дефиниции и објаснувања и со многу практични примери. Ако најдете теми што сметате дека не се интересни за разгледување, имајте на ум дека постојат категории на електроничари коишто треба да го поминат тој пат кој искусните електроничари веќе го поминале. Ние имаме план за работа, за кој веруваме дека дава добри резултати и ве покануваме да нä следите редовно и со внимание. Исто така ве покануваме да давате предлози за идни написи во оваа рубрика.
Започнуваме со ЛЕД диодите, со основната теорија за нив и со повеќе практични шеми за нивна примена.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.