Омнибус

HP повторно на врвот на пазарот за преносни компјутери;
Sony Bravia - нов степен од развојот на LCD - телевизори;
EuroNews на мобилен телефон;
Windows Vista во 7 изданија;
SKY-X;
Дали НАСА ќе се повлече од ISS?
Месечина со чудна површина;
Затемнување на Сонцето;
Замрзната вода на Марс;
Современи системи за кабелски пренос;
Motorola E895;
Кратерот Николсон на Марс;
SOHO го фотографираше Сатурн;


Омнибус

Почитувани читатели,


Аеронаутика

ЈАС 39 Грипен (Jas 39 Grippen) е повеќенаменски борбен авион од 4-тата генерација, развиен според специфичните потреби на неутралната Шведска, кој благодарејќи на современиот аеродинамички дизајн, компактните димензии, современата електроника и оружје, претставува опасен небесен ривал, што успешно може да дејствува врз копнени, воздушни и морски цели.


Астрономија и астронаутика

Биг Бенг моделот и експанзијата на вселената се фундаментални концепти на модерната наука, но пошироко тие се уште се погрешно разбрани. Во тој контекст, двајца астрономи Charles Lineweaver и Tamara Davis излегоа во списанието Scentific American со напис со прецизни објаснувања за она што го нарекуваме Биг Бенг и експанзија на вселената, нудејќи ни точно толкување на нивната природа. Во овој написот во скратена форма ви ги пренесуваме нивните толкувања.


Астрономија и астронаутика

Овој месец, поточно на 3 октомври, ќе има прстенесто затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо од Португалија, Шпанија, северна и источна Африка, а од кај нас ќе може да се набљудува како делумно затемнување, при што Месечината ќе покрие околу 60% од Сонцето во текот на максимумот. За нас затемнувањето ќе започне во 10:06 часот, а ќе заврши во 12:51 часот, достигнувајќи максимум околу 11:30 часот.


Астрономија и астронаутика

Овој месец, ноќта на 29 кон 30 октомври (сабота кон недела), преминуваме од летно кон зимско сметање на времето. На 30 октомври, недела, точно во 03:00 часот (три часот по полноќ) ќе треба да ги вратиме часовниците на 02:00 (два часот по полноќ). Дали сте знаеле дека ова не се случува насекаде низ светот? Некои го менуваат времето на различен датум, други во различно време, а трети, пак, воопшто не го менуваат. Дури има и држави во кои една општина го менува времето, а соседната не!


Аудио и видеотехника

Британската фирма Нови Аудио Димензии (New Audio Dimensions - NAD) е формирана пред повеќе од 30 години. А пред повеќе од 25 години се појави нивниот мал и евтин засилувач со одличен звук - NAD 3020, со кој стекнаа планетарна слава. Нивните понатамошни производи исто така беа ценети, така што NAD набргу стана значаен чинител на светската hi-fi сцена.


Аудио и видеотехника

Добродушното прифаќање на предодреденоста и желбата да се истрае во упорноста останува како неминовен белег од разговорот со Бодан Арсовски. Студиото "Езгија" претставува музичко работно ателје, направено за лична употреба; тоа е студио за душа што овозможува неограничено нурнување во сопствените пориви без непријатните комерцијални стеги во текот на творењето; студиото е "при рака" кога ќе надојдат инспирацијата и меракот за свирка.


Аудио и видеотехника

Дигиталната линија за доцнење DDL3 (Digital Delay Line) на Yamaha е линија за доцнење со високи перформанси со придружен еквалајзер направен да ги задоволи потребите на комерцијалните апликации на звукот, посебно таму каде што е потребен висок квалитет на звукот, заедно со висок динамички опсег.


Аудио и видеотехника

Хитот од 80-тите и 90-тите, популарните вокмени се веќе минато, пополека од мода излегуваат и модерните вокмени што работат со компакт дискови и популарно се именувани дискмени. На сцена стапуваат дигиталните аудиоплеери, кои меѓу народот се попознати како MP3-плеери. Иако на пазарот се наоѓаат веќе 7-8 години, дури сега го доживуваат својот подем и прераснуваат во една од најпосакуваните "џебни играчки", како кај младата популација, така и кај оние кои се уште се чувствуваат така.


Електроника

Ех!!! доста беше аудиозасилувачи со овие "интегралциве", дајте некој проект на засилувач со "овие" транзисториве, да не биде многу сложен и скап, но да биде едноставен и доволно моќен!!!


Електроника

Дали некогаш сте имале потреба дискретно да дознаете дали некој влегува во одредена просторија, чепка во некој плакар или, пак, ги превртува вашите фиоки? Овој уред ќе ви го овозможи токму тоа.


Електроника

Овој суперхетеродински ФМ-приемник со двојна конверзија е наменет за аматерското радиобраново подрачје од 144 до 146 MHz. Тој може да се користи и како стационарен приемник со мрежно напојување и како мобилен приемник со напојување од акумулаторска батерија.


Електроника

Сите кои се занимаваат со електроника, аматерски или професионално, ја знаат вредноста на вакуум-пумпата кога треба да се извади некој елемент што има повеќе од две ногички кои се залемени на ППК. Но, ако вакуум-пумпата се расипала токму во моментот кога ви е најпотребна или врвот веќе се распаднал па не може да се оствари близок контакт до лемното место, тогаш ви преостанува само вашата снаодливост доколку сакате да ја завршите започнатата работа.


Електроника

Напредокот на електрониката диктира употреба на софистицирани алатки за следење на новите технологии за изработка и сервис на електронските уреди. Појавата на голем број на електронски кола кои се осетливи на високи температури ја услови појавата и нужното користење на лемила со контролирана температура на лемниот врв.


Електротехника

Од каде демне опасноста од електричен удар? Какви конструктивни мерки се преземаат во изработката на електричните уреди за да се одбегнат опасностите од електричен удар? Одговорот на овие прашања следува во ова продолжение. А на крајот, препораки за самоградителите на електронски и други електрични уреди!


Информатика

Кога станува збор за производите на корејскиот производител LG, сигурно помислувате на нивните оптички уреди, преносни компјутери, па во последно време дури и мобилни телефони. Но, она по што оваа компанија е најпозната, секако, се нејзините монитори, уреди кои истата ги произведува години наназад. Без разлика дали се тоа CRT или LCD-монитори, производите на LG се многу популарни на сите светски пазари, најмногу поради тоа што нудат одличен сооднос цена-перформанси.


Информатика

Кога се зборува за злонамерни компјутерски програми, најчесто по инерција се мисли на компјутерските вируси. Компјутерските вируси се компјутерски програми кои се дизајнирани со цел да делуваат врз компјутерските операции, да снимаат, да корумпираат или да бришат податоци или самите себеси да се шират на други компјутери преку локалната мрежа или Интернет, често предизвикувајќи забавување на системот, деконспирација и други проблеми во процесот.


Информатика

Времето кога хард дисковите беа со мал капацитет е веќе одамна минато. Капацитет од 16 MB, денес звучи смешно. Капацитет од 200 GB некогаш звучеше фантастично, но денес е реалност. Долг пат поминаа проектантите додека дојдоа до овие бројки, кои денес се секојдневие. Зголемувањето на капацитетот, меѓу другото, придонесе за развој на различни системи на запишување на информациите.


Информатика

Сигурно досега барем еднаш во животот сте седнале на компјутер и сте шетале (сурфале) низ Глобалното село (ИНТЕРНЕТ). Го отворате вашиот Интернет-пребарувач, ја впишувате адресата, притискате ентер и за кратко време, ЧУДО, страницата ви излегува на екран. Како е сега можно тоа? Доколу сте барем малку љубопитни и сакате да дознаете нешто повеќе за механизмот кој ви овозможува да сурфате и прелистувате веб-страници, тогаш ова ви е шанса да научите.


Информатика

Во 2000 година една од најголемите вести беше приказната за издигнувањето на Напстер и другите слични на него, file-shareing програми. Со овие програми можеше да се најде mp3 верзија на која било песна без да се плати за неа. Музичките компании беа очигледно вознемирени поради ваквото одвивање на настаните и тоа беше разбирливо, бидејќи наеднаш опадна продажбата на нивните производи.


Физика

Во ЕМИТЕР број 3/05 ја објаснивме Ајнштајновата теорија за релативитетот. Со своите чудни предвидувања таа стана предмет на експериментални тестови веднаш по објавувањето, при што многу постулати од теоријата се потврдени, но за некои од нив дури денес се созреани техничко-технолошки услови за нивна проверка. Во таа насока НАСА подготви неколку такви тестови.


Фототехника

Дали некогаш сте помислиле дека фотоапарат што зумира оптички тројно, снима во резолуција од пет мегапиксели и поседува LCD- екран со дијагонала од 2,5 инчи може да биде потенок од еден сантиметар? Дека тоа веќе е можно докажува SONY Cyber-shot DSC-T7.


Автомобилска техника

Формула 1 како најсофистициран, најскап и технолошки најразвиен автоспорт, нема да функционира така како што функционира ако работите не се одвиваат точно според принципот "кој и колку пие и кој и колку плаќа". Само алките од најдобро поставениот и поврзан синџир, на крајот од трката, и што е уште поважно на крајот од целата сезона, може да се надеваат дека ќе бидат листови од шампионскиот ловоров венец.


Писма
Ожичување на филтер-засилувачот за сабвуфер
Звучници, засилувачи, заштита...
Сирена за аларм и нама¬лување на инфразвучните движења на мембраната