Омнибус

Ново лансирање на Кинески сателит;
Нов начин за "набљудување" на црна дупка;
Ленд Ровер Дискавери - трет пат;
KVM преклопници;
Рема компјутери стана субдистрибутер на производите на Интел;
Apacer го најави производството на DDR2 мемориските модули;
ProCurve Networking од HP со нови гигабитни серии;
Марихуаната во борбата против ракот;
Sherwood RD-8500 - 6.1 A/B ресивер;
Whitepages телефонски именик;


Омнибус

На неодамнешната изложба на македонските електронски медиуми, што се одржа од 3 до 5 декември 2004 год., се претстави и фирмата VISION-total multimedia solutions, која ги прикажа производите на многу реномирани светски производители на професионална аудио и видеоопрема, радио и ТВ-предаватели и сценско осветлување.


Автомобилска техника

Интелигентниот "Night Vision" систем на Хонда (Honda) е систем кој првенствено треба да помогне во намалувањето на застрашувачките бројки за настрадани пешаци во сообраќајни незгоди. Овој систем го лоцира пешакот во ноќни или во други услови на намалена видливост и го предупредува возачот да преземе соодветни активности пред да налета на него.


Аеронаутика

Потребата од летала кои ќе бидат стационирани во близина на борбените линии и ќе бидат способни да дадат ефективна воздухопловна поддршка на копнените и поморските единици, но притоа да не се зависни од големите и скапи аеродроми, предизвика потреба од создавање на борбени летала со можност за вертикално полетување и слетување.


Астрономија и астронаутика

Оваа година многу малку ќе недостасува за да бидеме сведоци на уште еден спектакуларен настан, каков што беше транзитот на Венера на 8 јуни 2004 г. На 23 јули 2005 година, точно во 18:52 часот, Сатурн ќе се приближи на само 1 аглова минута од дискот на Сонцето, но сепак недоволно за "контакт од трет вид". Доколку планирате да го набљудувате овој настан, никогаш не гледајте во Сонцето без филтри и соодветна заштита.


Астрономија и астронаутика

Овој месец во потполност ќе можеме да уживаме во убавините на најчистото и најпримамливото од четирите сезонски неба - зимското. Лесно забележлив во текот на претходните месеци т.н. "зимски шестоаголник" во јануари ќе царува со небото во текот на целата вечер. Него го сочинуваат шест сјајни ѕвезди, по случајниов редослед: Сириус (Големо Куче), Ригел (Орион), Алдебаран (Хијади, Бик), Капела (Кочијаш), Полукс и Кастор како една ѕвезда (Близнаци) и Прокион (Мало Куче).


Астрономија и астронаутика

Мисиите Војаџер му го претставија на човекот она за кое тој копнееше неколку векови - првите фотографии одблизу на поодалечените соседи на планетата Земја во Сончевиот систем. Меѓутоа, таа фантастична слика само ја продлабочи мистеријата која во себе ја кријат овие гасовити џинови, и му укажа на човекот дека доколку сака да дознае нешто повеќе за нив ќе мора во иднина да планира мисии кои ќе вршат испитувања одблизу.


Аудио и видеотехника

Аудиотрансформаторите се исклучително значајни компоненти бидејќи со своите електрични перформанси може да имаат решавачко влијание на целокупната електронска конструкција. Поради тоа се посветува големо внимание на нивната конструкција, градба и изведба, како и на начините на поврзувањето помеѓу различните секции на примарната и на секундарната намотка и на заземјувањето на оклопот.


Аудио и видеотехника

Полската фабрика Tonsil има долга и успешна традиција на производство на квалитетни и евтини звучници. Овој проект користи Tonsil бас/средностонец и високотонец, во едноставна компресиона звучна кутија, со релативно едноставна и евтина свртница.


Аудио и видеотехника

Влезот во светот на доманото кино секако дека треба да биде добар и квалитетен, но не мора секогаш да биде и скап. Овој звучнички сараунд комплет е токму таков пример и доказ дека е можна и таква комбинација.


Електроника

Каналот за синхронизација содржи две гранки: вертикална синхронизација и хоризонтална синхронизација. Заеднички дел на двете гранки е склопот на почетокот, а тоа е сепараторот на импулсите за синхронизација, со кој се одделуваат импулсите за вертикалната и импулсите за хоризонталната синхронизација, прво од сложениот видеосигнал, а потоа и меѓусебно. Може да биде од полза да се навратите на ЕМИТЕР бр. 3/04 и да ја освежите меморијата на оваа тема!


Електроника

Како и во секоја друга гранка од технологијата така и во технологијата за меко заварување, односно лемење на електронските компоненти се оди до совршенство. Заради големата разновидност на пакувањата во кои се спакувани електронските компоненти, не постои една единствена алатка со која може да се лемат или одлемуваат сите компоненти.


Информатика

Мултимедијалните уреди од типот на "другарчето" (Buddie) од Елит Груп (Elite Group), не се долго присутни на македонскиот пазар, но, пред сé, благодарејќи на својата компактност и практичност повеќе од сигурно е дека набргу ќе прераснат во пазарен хит. EZ Buddie D21 I4-3 може да извршува повеќе функции и тоа да работи како обичен ФМ-радиоприемник, ДВД-плеер, персонален компјутер, како и прегледувач на фотографии од мемемориски картички.


Информатика

Доколку имате компјутер сигурно инсталирате и деинсталирате (бришете) многу програми или игри. Програмите и игрите при деинсталирањето оставаат зад себе непотребни фајлови, кои само зафаќаат простор на вашиот диск. Програмите познати под името "чистачи на дискот" или “disk cleaner” ви помагаат при пронаоѓањето и бришењето на тие непотребни фајлови.


Информатика

Тестирањето на компјутерските компоненти, колку и да изгледа едноставно, сепак, е тешка работа. Но, постои една компонента која ретко се тестира, ретко се пишува за неа, а и кога би напишале нешто корисниците не посветуваат доволно внимание. Станува збор за изворот на напојување, неопходна компонента за секој компјутер.


Информатика

Деновиве, "сосема случајно" , ми дојде в раце пакетот со 6 ЦД-а од оваа позната Линукс дистрибуција. Да ви кажам искрено, малку се двоумев, но сепак се решив да видам што пак сега направил тимот на Mandrake. Поаѓајќи од моите претходни искуства, искрено, и не се надевав дека ќе наидам на многу подобрено мултимедијално решение за разлика од минатите верзии од Mandrake дистрибуцијата.


Информатика

Откако претставувањето на новите Интелови процесори и чип-сетови беше проследено со агресивна маркетинг кампања, кон средината на оваа година се појавија и новите процесори на АМД, поточно подобрени верзии на моделите од Athlon серијата, овојпат базирани на новата 939-пинска технологија. Заедно со нив, на пазарот започнаа да се појавуваат матични плочи кои ја поддржуваат оваа нова технологија. Една од нив е и AV8, новиот модел на Абит.


Историја и археологија

Порано секое логичко и рационално размислување за Библијата било "табу-тема", но во најново време и таа стана предмет на научни проучувања. Едно од поинтересните научни откритија е дека прикаските во Стариот Завет од Библијата имаат генеза од паганската митологија на Сумерите.


Телекомуникации

Најновите истражувања покажуваат значителен прогрес во полето на пластичните влакна со градиентен индекс на прекршување. Имено, се постигна проток од 10 Gbit/s на досег од 100 m со што пластичните влакна стануваат сериозен кандидат за медиум кој може да се користи во најновата 10 Gb Етернет мрежна технологија.


Телекомуникации

На 14 декември, започна со експериментална работа првиот дигитален терестријален телевизиски (DVB-T) предавател. Предавателот е набавен од ЈП "Македонска радиодифузија" и емитува од зградата на МРТ. Зоната на покривање му е подрачјето на градот Скопје со околината....


Макетарство и моделарство

Врвот на воздухопловното моделарство се, секако, радиоуправуваните (РУ) модели. Во изминатиот период претставуваа привилегија само на постари и проверени членови на воздухопловните организации. Но, со тек на времето станаа достапни за секој вљубеник на воздухопловните радиоуправувани модели, без разлика на старосната граница и полот.


Автомобилска техника

Од овој број на ЕМИТЕР започнуваме со објавување на серија написи и цртежи според кои секој кој поседува основни знаења од машинството и има сопствена работилница со релативно скромен алат, а во соработка со подобро опремена металостругарска работилница, каде што ќе бидат изработени деловите според работилнички цртежи, ќе може да го направи картингот ТоГи 1 кој би се користел за забава и рекреација.


Електроника

Во многу каталози за електронска опрема (Conrad, Maplin) можат да се сретнат најразлични уреди за контрола на релеи со помош на компјутер. За таа цел обично е искористен паралелниот порт на компјутерот и преку посебна програма е можно да се врши вклучување и исклучување на споменатите релеи. Се разбира дека преку релеите може да се контролираат разни други уреди.


Електроника

Долгите светла при ноќно возење претставуваат директна опасност за возачите кои ни доаѓаат од спротивната страна, но исто така и индиректна опасносност и за нас при разминувањето. Возењето во таква "дупка" навистина бара многу внимание. Исто така, и брзата промена во интензитетот на светлата при нивната промена од долго во кратко, не е сосема пријатна бидејќи бара брзо прилагодување на очите кај возачот од спротивниот правец, но и кај нас.


Електроника

Кај најголемиот број ФМ-тјунери, светилката за индикација на стереопрограма свети врз база на детекција на пилот-тонот од 19kHz. Ова не мора да значи дека програмата навистина е стерео, бидејќи многу станици пилот-тонот го емитираат и со монопрограма. Слична е состојбата и со стереозасилувачите. Кај нив светилката за стереоиндикација едноставно се приклучува на моно/стерео преклопникот.


Писма
Приемник за воздухопловниот банд
Прашања за телекомандата за модели
Звучници за 2X40W засилувач