Емитер 8-9/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Продажбата на витамински додатоци кои содржат К2 познат и под називот menaquinone во последниве 4 години пораснала за 183 %. Во истиот период, обичниот витамин К, познат и како К1, забележал многу поскромен пораст од 96 %. К1 или како што уште се нарекува растителен витамин К т.е. phylloquinone, има краток живот и го снемува од организмот за 8 часа, додека К2 е многу подолготраен и е активен во крвта цели 72 часа. Постои и витамин К3, кој уште се нарекува синтетски витамин К или менадион, а се создава во лабораторија и може да биде токсичен ако се земе во поголема количина или ако постои некое заболување на црниот дроб, па затоа е забранет. Витаминот К2 е добар за кардиоваскуларниот систем бидејќи го насочува калциумот таму каде што треба, кон коските, наместо кон крвните садови и другите органи каде што не само што не е корисен, туку може да биде и штетен.
Витаминот К – заедничко име за три негови форми: К1, К2 и К3, го добил името од германскиот збор "koagulation", што значи згрутчување. Сите три форми се битни за нашето здравје, но според најновите истражувања, најважно е влијанието на К2 врз нашето здравје. Витаминот К2 има неколку битни функции за човечкиот организам. Најбитно е неговото влијание за засирување на крвта и за јакнење на коските. На возрасни луѓе им треба приближно 0,001mg дневно за секој килограм телесна тежина. Последните истражувања покажале дека од овој витамин имаме повеќе корист отколку што сме мислеле и знаеле. Во овој напис ќе проговориме за улогата што витаминот К2 ја има за густината на коските, за калцификацијата на срцето и артериите, во здравјето на децата, во лечењето болести, а и кои се изворите на витаминот К2
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.