Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Philips со нов рекорд во LED осветлувањето!;
Таблета стара 2000 години;
Nessie, но не живее во вода!;
Научна станица што може да скија;
Птиците денес пеат поинаку;
Во светот има вкупно 295 ексабајти податоци;
Засега се уште ништо од DDR4;
Водоотпорен walkman од SONY;
Регенерација на ткива со наноматеријали;
Следната генерација на USB SUPERSPEED ќе ги елминира каблите за напојување!;
Крајот на Муровиот закон на повидок! Тврдат во AMD;
Сондата New Horizons стаса до Јупитер на својот пат кон Плутон;
Очила за скијање што ве лоцираат каде сте;
Hi-fi перфекција: Dan D'Agostino Inc;
Микробактерии ги засилуваат перформансите на батериите и кондензаторите;
Детектиран планетарен гасовит диск околу млада ѕвезда;
Печатење на неврони;
"Паметен" бастун за стари лица;
Значаен напредок во 3Д печатење на матични клетки;
Во светот има вкупно 295 ексабајти податоци
Science Express, електронски облик на списанието Science, наменет за забрзување на пристапот до значајни научни информации и резултати, објави статија во која е дадена процена за вкупниот светски технолошки капацитет на складирани податоци. Количеството на складираните податоци на глобално светско ниво се проценува на 295 ексабајти (1EB=1018). Во ова количество вклучени се сите досега складирани податоци – во компјутери, на екстерни хард дискови, на УСБ-стикови, ЦД и ДВД дискови, картички, кредитни картички со чипови, ленти, сите досега напишани книги, заедно со вавилонските глинени плочи. Ова количество се проценува дека опфаќа сè!
– Ова е прв сериозен обид да се процени глобалниот капацитет на човештвото кога се во прашање информациите и нивното складирање. Досега копјутерски складираните податоци се мереа традиционално во килобајти, потоа во мегабајти, а денес најчесто се мерат во гигабајти. Следни поголеми единици се: терабајти (1012), петабајти (1015), ексабајти (1018), зетабајти (1021) и јотабајти (1024), – вели главниот автор на студијата, Martin Hilbert, член на универзитетот Southern во Калифорнија.
Веројатно тешко можете да го замислите колкаво е ова количество. За да имате некаква претстава, сето ова гледајте го на следниов начин на: ако ја замислиме секоја информација како зрно песок, сите заедно – 295 ексабајти ќе создадат 315 пати повеќе зрна песок отколку што има зрна песок во сите пустини на земјината топка. Но тоа е истовремено помалку од 1% информации складирани во една ДНК молекула на секое човечко битие! За почеток на дигиталната ера, обично се зема 2002 година бидејќи таа година количеството на дигитално складирани податоци беше поголемо од аналогно складираните податоци. Од 2007 година речиси 94% од складираните податоци се во дигитален облик. Во 2007 година човештвото успеало да препрати 1,9 зетабајти информации преку технологии на препраќање на телевизори и ГПС уреди. Тој број е еднаков со износот кој би се добил ако бројот на жителите на Земјата се помножи со 174. Кај технологиите со двонасочна комуникација, како што се на пример, мобилните телефони, разменети се 65 ексабајти информации само во 2007, што е еднакво на износот кој би се добил ако се помножи бројот на жители на Земјата со бројот на информации што се содржат во 6 дневни весници. Во 2007 година сите компјутери за општа употреба во светот давале 6,4x1018 на 18 податоци во секунда,šшто е еднакво на бројот на нервните импулси што поминуваат низ човечкиот мозок во исто време.
Ако сето тоа би се работело рачно, или како што велиме "пешки", изведувањето на овие операции би барало временски период 2200 пати подолг од периодот што поминал од моментот на Биг Бенгот до денес. Од 1986 до 2007 година светските компјутерски капацитети се зголемувале 58 пати годишно, а телекомуникациите во истиот период доживеле пораст од 28% годишно. Капацитетите за складирање податоци се зголемувале за 23% годишно.
– Овие бројки се импресивни, но во споредба со обработката на податоци во природата се многу, многу мали како количина. Меѓутоа важно е да се истакне и една битна разлика која беше воочена во текот на истражувањето. Светот на природата е фантастичен во својата величина, но притоа е главно константен. За разлика пак од него, технолошките капацитети на процесирање на информациите растат по експоненцијална функција, – вели Hilbert.
К. С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.