Рубрика: Астрономија и астронаутика
Кеплеровата супернова ни открива нови сознанија
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По речиси 5 столетија, астрономите направиле фотографија на остатокот од последната супернова, којашто се случила во нашата галаксија во 1604 год., т.н. "Кеплерова супернова" во чест на Јохан Кеплер, којшто тогаш ја забележал. Анализите на нејзиниот остаток покажале интересни нови сознанија за природата на тој тип супернови.

Суперновите се ретки небески настани, а последната којашто се случила во нашата галаксија Млечен Пат била во 1604 год. и неа ја забележал познатиот германски астроном Јохан Кеплер, па од таму називот "Кеплерова супернова". Да се потсетиме, супернова се нарекува експлозија на ѕвезда со маса 8-10 Сончеви маси, која кога ќе го потроши сето свое нуклеарно гориво, ќе колапсира во самата себе, генерирајќи доволно висока температура за да креира потешки елементи (железо, кобалт и никел), а потоа ќе експлодира исфрлувајќи ги тие елементи во просторот. Блесокот од експлозијата може да го надмине сјајот на целата галаксија во која таа ѕвезда се наоѓа, потоа блесокот полека згаснува, меѓутоа, остатокот од експозијата уште некое време продолжува да свети со помал сјај, но, сега во подрачје на X- зраци и инфрацрвени зраци, под дејство на енергијата која се ослободува од распаѓањето на исфрлените радиоактивни елементи, и според тоа, остатокот од суперновите може да се детектира дури и неколку стотини години по експлозијата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.