Рубрика: Електроника
Испитување и полнење на NiCd и NiMH акумулаторски батерии на едноставен начин
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Животниот век на NiCd и NiMH акумулаторските батерии често се декларира на номинални 1000 полнења, но практиката покажува нешто сосема спротивно: вообичаено е овие акумулаторски батерии да ги наполниме 10 или 20 пати, па да станат потполно неупотребливи! Што потоа?

Често знаеме да кажеме дека тоа се должи на меморискиот ефект кај NiCd и NiMH акумулаторските батерии, па затоа треба потполно да ги испразниме батериите пред да почнеме повторно да ги полниме, и да застанеме тука, без многу да се измачуваме околу тоа што всушност претставува "мемориски ефект" кај акумулаторските батерии. Објаснувања што е тоа мемориски ефект кај батериите, сум слушнал многу, па дури и такви кои немаат никаква допирна точка со реалноста! Во дел од нив се мешаат поими како, на пример, поимот "акумулатор" присутен кај архитектурата на процесорите, кој претставува регистар наменет за привремено меморирање на некој дигитален збор или низа со поимот мемориски ефект кај акумулаторските батерии и притоа се прави една "салата" од сосема погрешни заклучоци од кои произлегува дека NiCd и NiMH акумулаторските батерии можат да меморираат некаква состојба! Всушност, меморискиот ефект е ефект кој е забележан само кај NiCd и NiMH акумулаторски батерии и предизвикува една специфична појава при што овие батерии постепено го губат својот максимален капацитет ако повеќекратно се полнат, а само делумно се празнат до одредена дефинирана вредност. Така, привидно се стекнува впечаток дека батеријата на некој начин "го памети" претходниот помал капацитет. Изворот на овој ефект лежи во фактот што неискористената активна материја кај NiCd и NiMH батериите го зголемува својот внатрешен омски отпор во текот на експоатацијата, па при празнење на батеријата со иста струја доаѓа до поголем пад на напонот. Тоа може да доведе до состојба кога овој намален напон нема да може правилно да го напојува уредот. На тој начин се стекнува "привид" дека батеријата изгубила од својот првобитен капацитет, а всушност тоа не е така, туку имаме само зголемена внатрешна отпорност на истата. Меморискиот ефект првенствено се должи на таложење материјал на електродите од NiCd и NiMH батериите и нивно физичко изобличување, па многу е тешко тоа да се симулира во лабораториски услови. Затоа, за NiCd и NiMH батериите се вели: "ниту се водат, ниту се тераат!" Како тогаш да се справиме со нив? Пред сè, со добро познавање на проблематиката и со нашиот Едноставен испитувач на капацитетот на мали NiCd и NiMH батерии.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1311
ИК: 7805
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.