Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Аналоген амперметар и волтметар (1)
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Аналогните инструменти сè уште имаат широка примена во електрониката и во другите технички области. Главната причина за ова се човековите аналогни сетила, како и тоа што во многу случаи нема потреба од прецизно мерење на напонот и струјата. Токму затоа во овој напис од две продолженија ќе објасниме како со помош на еден аналоген индикатор (со подвижен калем или со подвижно железо) да пресметате и да направите волтметар или амперметар со мерно подрачје според вашите потреби.

За аналогните инструменти во електрониката најчесто се користи аналоген индикатор со подвижен калем, а во автоматиката и во индустриската енергетика широко се применува аналогниот индикатор со подвижно железо. За овие индикатори објавивме напис во ЕМИТЕР бр. 7-8/2009, и пожелно е да го прочитате пред да преминете на овој напис и на конструкција на мерен инструмент со некој од овие индикатори. Во пресметките на елементите за саканиот амперметар или волтметар главна улога имаат параметрите на самиот индикаторски инструмент, и тоа:
- внатрешната (сопствена) отпорност Ri,
- струјната осетливост Ii – еднонасочна струја која е потребна за да се добие максимален отклон на стрелката и
- напонската осетливост Ui – еднонасочниот напон потребен за максимален отклон на стрелката (Ui=Ri•Ii).
Кај аналогниот индикатор со подвижен калем, вообичаени вредности за Ri се од 50 Ω до 5 kΩ, за Ii од 10 µA до 100 mA, а за Ui вообичаено околу 100 mV. Овие параметри ќе ги дознаете од продавачот или од каталогот на производителот. Но во практиката честа ситуација е да имаме некој индикаторски инструмент (изваден од стар уред или купен пред многу години), за кој не можеме да најдеме технички спецификации, а сакаме со него да направиме волтметар за нашиот лабораториски извор на напон, или амперметар за полначот на акумулатори или VU-метар за нашиот аудиозасилувач...
Во текстот што следува ќе објасниме како да ги измерите карактеристиките на непознат аналоген индикатор и како со него да конструирате волтметар за саканиот мерен опсег, а во следниот број ќе зборуваме за конструкција на аналоген амперметар, како и за изведбите за мерење на наизменични напони и струи.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Главни елементи и материјали:

Аналоген индикатор со подвижен калем или со подвижно железо

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.