Рубрика: Астрономија и астронаутика
Тајните на сончевиот систем (2)
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сончевиот систем во себе "крие" неколку тајни, за кои нема објаснувања во актуелниот модел за неговата историја. Во првиот дел од написот видовме како еден нов модел, т.н. "Модел од Ница", разрешува 3 од постоечките енигми, а во овој втор дел ќе видиме како т.н. "Grand Tack" модел, всушност, подобрениот претходен модел, разрешува уште 2 енигми од Сончевиот систем.

Да се потсетиме на првиот дел од написот, таму наведовме 6 енигми во конфигурацијата на Сончевиот систем, за кои нема решение во актуелниот модел за раѓањето на Сончевиот систем. Во 2005 год. една екипа од астрофизичари под водство на Алесандро Морбидели излегоа со т.н. "Модел од Ница", кој, според компјутерска симулација, разрешува 3 од постоечките 6 енигми. По успехот на тој модел, екипа планетолози од Азурниот Брег се фокусираа на подобрување на истиот, со цел да ги разрешат останатите 3 енигми.
Патот кон подобрување на "Моделот од Ница" водеше преку проширување на неговиот досег до најраното "детство" на Сончевиот систем, имено, до период кој не беше опфатен во "Моделот од Ница", но е многу важен во историјата на Сончевиот систем – период од 3,5 до 5 милиони год. по раѓањето на Сонцето. Така произлезе нивниот нов модел, т.н. "Grand Tack" ("Големо менување насока"), објавен во најново време. Како и во претходниот модел, така и во овој модел клучна улога во обликувањето на Сончевиот систем ја има миграцијата на Јупитер и Сатурн и нивната меѓусебна резонанција. Моделот "Grand Tack", според компјутерска симулација, разрешува уште 2 од 3-те преостанати неразрешени енигми, и тоа:
1. Зошто Марс е толку мал во однос на Земјата и Венера ако, за разлика од Меркур, тој е формиран во регион со доволно количество "градежен" материјал? и
2. Како во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер се нашле помешани два различни типа "камења", едниот тотално безводен (сув), другиот богат со замрзната вода?
Па, да ги проследиме решенијата!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.