Емитер 4/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Samsung Galaxy III – трето продолжение;
VAIO – 3D лаптоп на Sony;
Наука на дланка;
Нова генерација wireless 3D монитори;
Нова мерцедес А-класа;
Првите животни облици на Земјата;
HP ProLiant GEN8 пристигна и кај нас;
Најдоверлив автомобил;
Протонски ласер кој директно го уништува туморот;
Зајакнете го својот имунитет;
Volkswagen UP! – "Светски автомобил на годината за 2012";
Планети – скитници;
Литиум-воздушни батерии;
Пиштол за занемување?!;
Автомобилски воз
Првите животни облици на земјата
Во август минатата год., палеонтологот Мартин Брезиер (Martin Brasier) од Универзитетот во Оксфорд објавил дека открил остатоци од една од најраните животни форми на Земјата: фосил од бактерија стара 3,4 милијарди год. Меѓутоа, тоа доведе до разгорување на караницата меѓу него и еден друг палеонтолог, Бил Шопф (Bill Schopf), кој во 1993 год. објавил дека открил остатоци од организми стари 3,46 милијарди год. Конфликтот започна во 2002 год., кога Брезиер го испитуваше наодот на Шопф, и од тогаш до сега тие се во меѓусебен конфликт околу толкувањата на наодите. Но, колку и да е скандалозен конфликтот меѓу двајцата палеонтолози, сепак нивните два наода имаат важно научно значење: тие овозможуваат проникнување во идентитетот на првите организми на Земјата, и покажуваат како може да изгледа животот подалеку од нашата планета.
Во времето пред 3,4 милијарди год. Земјата била многу поразлична отколку што таа е денес. Немало растенија кои стрчат над површината на плитките топли крајбрежни води од морињата, на нејзината површина често удирале метеори, атмосферата била исполнета главно со сулфур и јаглен двооксид и со многу малку кислород. Сепак, таквите услови довеле до појава на живот!
Во што е конфликтот меѓу двајцата палеонтолози? Според Бил Шопф, фосилите кои тој ги открил во Западна Австралија индицираат дека најраните жители на Земјата наликуваат на цијанобактериите, едноклеточни организми кои сончевата светлина ја претвораат во енергија, и на тој начин преживуваат. Анализите на околните камења сугерираат дека тие живееле во морињата во близина на хидротермалните отвори, кои "пумпаат" топла вода збогатена со минерали.
За разлика од тоа, наодот на Брезиер, 20-тина милји подалеку од местото на наодот на Шопф, дојде со голема разлика во однос на претходната интерпретација! Наводно, минерален доказ близу до неговите фосили индицира дека тие бактерии се снабдувале со енергија претежно од сулфурот, наместо од сончевата светлина, како што смета Шопф.
Палеонтолозите ќе треба да ги преиспитаат своите докази за да можат да детерминираат која од двете интерпретации на наодите е точна. Како и да е, засега и двете интерпретации ги упатуваат научниците на два различни модела за животни форми, кои можат да постојат на други планети. "Кога јас бев млад интересот за вонземски живот беше во форма на "мал зелен човек", популарен израз за Марсовец", вели Бресиер. "Но, денес ние сакаме да дознаеме дали постои друг живот надвор од Земјата, дури и ако тој е на ниво на бактерии", завршува тој.
Петар Лагудин
Протонски ласер кој директно го уништува туморот
Болните од карцином од 1990 година се лечат со протони кои функционираат на сличен начин како и зрачењето, но разликата е во тоа што протонската терапија е попрецизна бидејќи го напаѓа туморот директно и не го оштетува околното здраво ткиво. За да се добие соодветен протонски сноп, неопходен е акцелератор голем колку хангар за авион чија изградба чини 100 милиони долари, па заради тоа овој вид терапија, многу ретко се употребува во светот. Инаку, во светот постојат само 37 вакви џиновски уреди, од кои само 10 се во САД.
Меѓутоа, сега експертите од Корпорацијата за компактни акцелератори (CPAC) во Ливермора во државата Колорадо работат на уред кој нема да биде поголем од пет метри и кој ќе чини околу 30 милиони долари. Прототипот на CPAC создава електромагнетно поле со помош на струја, така што гломазната заштита и опремата се значително намалени. Апаратот работи така што електромагнетите во него ги извлекуваат позитивно наелектризираните протони од водородна плазма која ја создава уред наречен дуоплазматрон. Магнетите ги собираат протоните и од нив образуваат снопови, кои потоа влегуваат во таканаречен "инјектор" (исфрлувач), во кој честичките се забрзуваат и се праќаат во комората на акцелераторот со брзина од осум милиони километри на час. Речиси во исто време, ласерот исфрла електричен импулс во каблите од оптички влакна со различна должина, кои испуштаат електрони. Целиот процес го контролира саатен механизам кој ги исклучува и ги вклучува електромагнетите.
Пациентот сето време седи во роботска столица, која лесно се поместува за да не мора да се поместува целиот уред. На тој начин, туморот се нишани од различни агли и од различни страни.
Новиот медицински акцелератор се очекува да се појави на пазарот за медицинска опрема во 2015 година, а целиот уред ќе чини околу 30 милиони долари, односно ќе биде три пати поевтин од сегашниов и ќе биде значително помал.
К. С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.